Продукцијата на НОВА ви ја прикажува втората епизода од сатиричното шоу „Контравести“ со актерката Ирена Ристиќ.
Во оваа епизода Контравести се осврнуваат на тоа каква е кондицијата на буџетот, за судирот на провладините медиуми и СДСМ, за Њутновиот закон, како и на тоа колку дрвја засадивме за Денот на дрвото. Гостин во ова издание е Саше Ивановски – Политико.
Режисер на ова сатирично шоу е Васил Христов. За сценариото е одговорен тимот на „Козаностра“.
Контравести се во војна против:
– лагите,
– манипулациите,
– говорот на омраза,
– предрасудите,
– нетолеранцијата,
– дискриминацијата…
Нашето оружје се хуморот и сатирата.
Наша цел е поттикнување на критичко размислување и елиминација на стравот кај граѓаните, како и воспоставување на принципот на понесување одговорност од политичарите и функционерите за своите постапки.
Погледнете го видеото.