Дмитриј Медведев, поранешен претседател на Русија и близок до актуелниот руски претседател, Владимир Путин, упати нова закана до Западот.
Како што јавува „Скај њуз“, тој порачал дека Русија би можела да го ограничи извозот на земјоделски добра само на „пријателските земји“ во светло на санкциите што Западот ги воведе кон Москва пораду руската инвазија во Украина.
Рече дека Русија, една од главните светски извознички на пченица, ќе ја разгледа ситуацијата со снабдување со храна и земјоделски производи и ќе објави „некои едноставни, но важни насоки поврзани со безбедноста за снабдување со храна во Русија“.
„Храна и земјоделски производи ќе извезуваме само на нашите пријатели. На сета среќа, ги имаме многу, но такви немаме во Европа и во Северна Америка“, истакна Медведев.
Заканата од Медведев дојде по одлуката на рускиот претседател Владимир Путин за „непријателските земји“ од денеска да плаќаат за гас и нафта во рубљи. Најсилните европски економии, како Германија, Франција, Велика Британија и Холандија, веќе ја одбија таквата уцена.
Путин се решил на таков потег за, како што рече на руската телевизија, „засилиување на рускиот суверенитет“.