Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НоваТВ дознава: Приведениот за опожарувањето на КЦ „Иван Михаилов“ е пејачот Ламбе Алабакоски

0
By Соња Крамарска on June 7, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
фото: Опожарениот клуб „Ванчо Михаилов“
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НоваТВ дознава дека приведениот за опожарувањето на бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“ во Битола, е пејачот Ламбе Алабакоски, кој е приведен и го признал делото.

Претходно министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кусо на социјалните мрежи, објави дека е фатен сторителот, без да го наведе неговото име и презиме туку само иницијалите А.Л. По Спасовски и МВР излезе со соопштение во кое ја потврди веста, во кое се наведени истите податоци како и во објавата на министерот.

„Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода. Уште еднаш покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот. И во овој сегмент нема „пардон“, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил – мора да одговара“, порача пред малку министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски соопштувајќи дека е фатен подметнувачот на пожарот во бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“ во Битола.

Пожарот беше подметнат во петокот спрема саботата минатиот викенд, и се совпадна со доаѓањето на шефицата на бугарската дипломатија во Македонија, Теодора Генчовска. На безбедносни камери се гледало како човек на велосипед, со качулка на лицето, доаѓа пред влезната врата на објектот и истура запалива течност, ја пали по што избувнува голем пожар и тој исплашен бега.

Веста за опожарувањето на бугарскиот културен центар во Македонија набрзо се најде на ударно место во сите медиуми овде и во Бугарија, а за настанот станало збор и во телефонскиот разговор меѓу бугарскиот претседател Румен Радев и помошничката заменик државен секретар на САД, Карен Донфрид. (С.К.)

Ламбе Алабакоски палење на бугарски културен центар „Иван Михаилов“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.