Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека во последните 24 часа се направени 1.271 тест, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19 од кои во Скопје – 42, во Битола – 15, во Кочани, во Неготино и во Ресен – по четири, во Кавадарци и во Гостивар – по три, во Куманово, во Велес, во Кичево и во Свети Николе – по два, во Прилеп, во Охрид, во Струмица, во Струга, во Крива Паланка и во Демир Хисар – по еден.
Од вкупниот број на позитивни случаи (89), регистрирани се 17 реинфекции.
Регистрирани сe и 58 оздравени пациенти од Скопје – 29, од Битола – 11, од Гостивар, од Велес и од Прилеп – по тројца, од Куманово, од Демир Хисар и од Тетово – по двајца, од Кочани, од Кавадарци и од Охрид – по еден.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, дополнително не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.034.656 милиони тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.595, бројот на оздравени пациенти е 300.675, на починати е 9.287, а бројот на активни случаи изнесува 633.