Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови наводи и историски контекст на случајот „Сараево сафари“ – дење убивале, ноќе славеле

0
By Zoran Ivanov on February 23, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 23, 2026 15:06

Претседателката на Хелсиншкиот одбор за човекови права во Србија, Соња Бисерко во изјава  за предупредува дека доколку обвинувањата се потврдат, нема да станува збор само за воено злосторство, туку за доказ за „дехуманизација што ја надминува идеологијата“ и навлегува во „култура на насилство“.На прашање дали очекува овој случај да има судски епилог, Бисерко е песимистична.“Многу тешко“.

Диана Тахири

Триесет години по опсадата на Сараево, приказната за таканареченото „Сараево сафари“ повторно ја отвора најмрачната можна димензија на војната во Босна и Херцеговина – тврдењата дека убиството на цивили било претворено во платена „атракција“ за странски посетители. Она што со години се појавуваше во фрагментарни сведоштва и маргинализирани истражувања, денес добива конкретна правна рамка, засилено медиумско внимание и нов бран политички и морални прашања во регионот.

Лондонски „Тајмс“, повикувајќи се на сведоци, објави дека богати странци, меѓу кои и неименувана Романка, пукале врз цивили од позиции околу опколениот град, вклучително и од Еврејските гробишта – една од клучните точки од кои силите на босанските Срби ја контролираа линијата на огнот кон градот, пренесува Телеграф. Поранешниот доброволец Александар Личанин сведочи дека видел „добро облечени странци“ како заземаат снајперски позиции. Според него, тие целеле жени, деца и стари лица, плаќајќи над 100 евра за „привилегијата“, при што наводно повисока цена се плаќала за погодено дете. „Славеа убивање луѓе. Не можам да замислам како може да се живее со тоа дека си убил дете“, изјавил Личанин за Тајмс.

Поранешниот началник на сараевската полиција Златко Милетиќ зборува за романски снајперист што убил повеќе од десет лица и за странски стрелци кои биле „длабоко вкопани и тешки за неутрализирање“. Поранешниот босански разузнавач Един Субашиќ изјави дека се сретнал со пет италијански снајперисти и дека италијанските служби уште во 1994 година биле информирани за вакви „туристички стрелци“ кои заминувале од Трст.

За време на четиригодишната опсада на Сараево беа убиени повеќе од 11.500 цивили. Наводите за „снајперски туризам“ со години циркулираа во јавноста, но во голема мера беа игнорирани или третирани како недокажани гласини. Денес, со отворањето на истраги и со нови сведоштва, тие добиваат поинаква тежина.

Италијанската истрага и сведоштвата од документарниот филм

Правниот пресврт доаѓа од Италија. Според АНСА и италијанските медиуми, Обвинителството во Милано, под координација на обвинителот Алесандро Гобис, води истрага против 80-годишен поранешен возач на камион од покраината Порденоне. Тој е осомничен за „соучество со други засега непознати лица“ во злосторнички план што довел до смрт на невооружени цивили во Сараево меѓу 1992 и 1995 година. Делото е квалификувано како „убиство со ниски мотиви“. Според собраните сведоштва, осомничениот наводно се фалел дека „ловел луѓе“ во Сараево. При претрес во неговиот дом биле пронајдени седум парчиња оружје што легално ги поседувал, пишува Љубомир Костовски, во анализа за Цивил Медиа, „САРАЕВО САФАРИ: Мрачната туристичка индустрија на викенд-убијци на цивили во опсадениот град“.

Истрагата беше покрената по кривична пријава поднесена од писателот и новинар Езио Гавацени, кој се повикува на изјавите на Един Субашиќ за контакти меѓу босанските и италијанските служби во врска со „туристичките стрелци“.

Клучна улога во актуелизацијата на случајот одигра документарниот филм „Сараево Сафари“ на словенечкиот режисер Миран Жупанич, прикажан во 2022 година на фестивалот AJB DOC.

Документарецот  зборува за организиран „лов на луѓе“ во опколениот град, во кој, според сведоштвата, учествувале богати странци – Американци, Канаѓани, Руси и Италијанци – со логистичка поддршка од позиции на Војската на Република Српска. Еден сведок во филмот тврди дека тарифите биле повисоки ако било погодено дете, а „клиентите“ биле транспортирани и со хеликоптери, се наведува во анализата на Цивил Медиа.

Режисерот Жупанич изјави дека филмот отвора повеќе прашања отколку што дава одговори и дека клучното прашање е зошто, доколку феноменот бил познат, никој не интервенирал. Филмот предизвика остри реакции во Република Српска, каде што беше оценет како „сатанизација на Србите“, а беа најавувани и можни правни постапки.

Политички импликации и прашање на одговорноста

Во јавната дебата повторно се појави името на Славко Алексиќ, командант на „Новосараевскиот четнички одред“, чија единица делувала во областа Грбавица и Еврејските гробишта. Во Федерацијата БиХ тој е запаметен како симбол на снајперскиот терор врз цивили, додека во Република Српска беше третиран како херој. По неговата смрт, Милорад Додик го опиша како „голем патриот“ кој „чесно и одговорно ги извршувал своите должности“.

Алексиќ ги негираше наводите за „Сараевско сафари“ и тврдеше дека нема „ни зрно вистина“ во обвинувањата дека Александар Вучиќ бил доброволец во неговата единица. Сепак, Вучиќ во интервју за „Дуга“ во 1994 година изјавил дека „кога започна војната во Босна, отидов во српско Сараево и се пријавив како волонтер“ и дека „бев на еврејските гробишта некое време“, пишува Слободна Босна. Неговата изјава од 1995 година – „убијте еден Србин, ние ќе убиеме сто муслимани“ – останува една од најконтроверзните политички пораки од тој период, и покрај подоцнежните обиди да ја релативизира.

Наводите дека Вучиќ бил преведувач за странски снајперисти тој ги демантираше, а во моментов нема јавно достапни правно одржливи докази за негова директна вмешаност. Но, неговото присуство на позиции од кои се пукаше врз Сараево носи политичка и морална тежина што повторно станува дел од меѓународната перцепција.

Претседателката на Хелсиншкиот одбор за човекови права во Србија, Соња Бисерко во изјава  за Слободна Босна, предупредува дека доколку обвинувањата се потврдат, нема да станува збор само за воено злосторство, туку за доказ за „дехуманизација што ја надминува идеологијата“ и навлегува во „култура на насилство“. Таа оценува дека приказната се отвора по триесет години затоа што општествата дури сега стануваат подготвени да се соочат со она што претходно не можеле да го поднесат.

На прашање дали очекува овој случај да има судски епилог, Бисерко е песимистична.

“Многу тешко. Триесет години откако се извршени злосторствата, многу е тешко да се навлезе во балистика и докажување на идентитетот. Сигурен сум дека судот во Србија нема да се занимава со тоа. Сепак, можно е постапката да биде покрената во Босна и Херцеговина, но дури и тоа е доста неизвесно.

Сведоци сме на глобален колапс на довербата во институциите и почеток на отворање на архивите: сведоците кои молчеле проговоруваат, се покренуваат истраги кои не се политички. Ова е длабока криза на легитимитетот на елитата. Се појавуваат приказни од различни страни, како што е ловот на цивили или, на пример, скандалот Епстин кој открива како западните моќни луѓе се обидуваат да ја прикријат аферата итн. Ако се потврди „Сараевското сафари“, работите ќе се префрлат од сферата на воените злосторства во сферата на антрополошката деградација. Ако пукањето врз цивили стана купено искуство, војната повеќе не е само политика, туку пазар за насилство.

Од друга страна, поминаа триесет години од тој гнасен злостор, што е клучна пресвртница во студиите за меморијата. Директните сторители почнуваат да умираат, сведоците проговоруваат, а политичката заштита слабее. Она што е вознемирувачко не е само бруталноста, туку и фактот дека ова зло било можно и – толерирано.

А за Епстин, на пример, се зборува со децении, првпат беше осуден во 2009 година. Сепак, моќните продолжија да се дружат со него. Сега кога скандалот достигна такви размери што кралот Чарлс го апси својот брат, принцот Ендру, за да ја спаси монархијата, не би ме изненадило ако, откако стравот навистина ќе помине, оние што можат да сведочат за „Сараевското сафари“ почнат да се јавуваат, заклучува Бисерко.

Дали италијанската истрага ќе резултира со судски пресуди останува неизвесно. Но, повторното отворање на случајот го враќа во јавниот простор прашањето што оди подалеку од индивидуалната вина: како било можно убиството на цивили да се претвори во платена забава и што значи тоа за начинот на кој регионот и светот се соочуваат со сопственото минато.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

Дијана Тахири Сараево сафари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

 Силна бура ја погоди Хрватска – јадранскот брег голта куќи 

February 20, 2026

Бугарија доби привремена влада – Андреј Ѓуров вети фер избори и управување без хистерија

February 20, 2026

Експлозија во црква во државата Њујорк – има повредени

February 17, 2026

Масакр на училиштен хокеј-натпревар во САД: Двајца убиени и тројца повредени во Род Ајленд

February 17, 2026

Објавени имињата на 305 познати личности поврзани со Џефри Епстин – меѓ нив и Трамп, Ди Венс, Рубио, Мишел Обама, Клинтонови, Бил Гејтс, Бијонсе, Шер, Де Ниро, Дајана Рос, …

February 16, 2026
ФОКУС
February 24, 2026

ЦИВИЛ – Центар за слобода /  Меѓународна конференција: Четири години агресија — Украина, отпорот и одговорноста на светот

ВЕСТИ February 24, 2026

Денеска, на 24 февруари 2026 година, точно четири години од почетокот на целосната руска воена…

Артан Груби го напушти Идризово – судење ќе чека притворен дома

February 23, 2026

ЕУ го замрзна трговскиот договор со САД поради новите царини на Трамп

February 23, 2026

Утре, 24-ти април, 4 години со Украина – ЦИВИЛ домаќин на меѓународен онлајн настан „Четири години агресија: Отпорот на Украина и

February 23, 2026
ТИКЕР

 Силна бура ја погоди Хрватска – јадранскот брег голта куќи 

February 20, 2026

Бугарија доби привремена влада – Андреј Ѓуров вети фер избори и управување без хистерија

February 20, 2026

Експлозија во црква во државата Њујорк – има повредени

February 17, 2026

Масакр на училиштен хокеј-натпревар во САД: Двајца убиени и тројца повредени во Род Ајленд

February 17, 2026

Објавени имињата на 305 познати личности поврзани со Џефри Епстин – меѓ нив и Трамп, Ди Венс, Рубио, Мишел Обама, Клинтонови, Бил Гејтс, Бијонсе, Шер, Де Ниро, Дајана Рос, …

February 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.