Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новинарите, за жал, не се Индијанци, тие се Македонци!

0
By Zoran Ivanov on June 4, 2025 ИЗБОР, ОБРАЗОВАНИЕ
Бранко Тричковски
Бранко Тричковски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема волшебни решенија особено не ако тие на кои очекуваните решенија се однесуваат седат со скрстени раце и чекаат. Вие сте тие на кои чекате. Тоа била паролата на индијанското племе Хопи, но вие, за жал, не сте Индијанци. Вие сте Македонци.

Бранко Тричковски

Читав една интересна анализа на состојбите во новинарството, која претставува значаен иако не доволен исчекор во објективното видување на работите, а сега читам дека биле подготвени некакви договори кои на новинарите ќе им пружеле сигурносг и независност.

На кои новинари?

Дали тука се мисли на куклите што мислат дека се новинари, глумат новинари или им рекле дека се родени да бидат новинари?

Во кој новинарски и општ контекст?

Идејата дека некакви (какви било, совршени итн.) договори ќе ги решат проблемите на новинарите и на медиумите, покажува дека ниту синдикатот ниту знм, ниту некој друг, имаат свест за вистинските димензии на проблемите.

Прво, огромен дел од новинарскиот кадар, можеби 90 проценти не исполнуваат ниту еден суштински услов за занимавање со оваа важна професија, тоа значи дека немаат знаења, новинарски знаења, кои се помалку прашања на техничките упатености во занаетот, а повеќе на општата културолошка и политиколошка опременост, која е неверојатно сиромашна, немаат интегритет, односно немаат граници на кои ќе излезат од системот што ги масакрира како луѓе и како новинари ако не можат да го сменат или макар да се борат за промени, морално се уништени, немаат свест за сопствената одговорност и одговорноста на куќите во кои работат за растурањето и оглупавувањето на македонското општество. Во интензивни прицеси во кои со радиоактивни зрачења од македонските луѓе направија глисти.

Тоа значи дека е потребна комплегна програмска, кадровска и сопственичка смена, што е, речиси па неизводливо дури и кога би си дале рок од пет до десет години.

Општиот образован систем на сите нивоа е уништен, делот кој треба да образува новинари-особено.

Во општиот контекст кој го диктира вмро и како опозиција и како власт, никакви промени на подобро, со никакви договори не се можни бидејки доктрината на оваа злосторничка инсталација е демонтажата на се нормално во Македонија и на Македонија како таква, а детекцијата на тоа и реакциите или изостануваат или се релативизираат со општите оценки за партиските и политички влијанија. Има такви влијанија на општо основание, но носител на културата на дезелитизација, оглупавеност и тоталитарност, на антиевропскост и антимодерност, е само вмро. А медиумите мислат дека “светите букви” се нашите корени и ги бранат националните и државни медиуми.

Хахаха!

И ја шират таа шарена манипулација на најбезобразен начин, опремен со волшебни инструменти на севозможни консгрукции.

За сдсм ќе расправате, но под “бе”или, дури,под “це”, ако сакате да демонстрирате сериозност и познавање на нештата.

За почеток, можеби еден генерален штрајк би можел да отвори процеси на промените на состојбиге за кои тука стана збор.

Второ, знм и синдикатот мораат да донесат норматив според кој соопштенијата на партиите и разните изјави (Филипче да ни маже од кај му се визите и парите, блаблабла) на нивните функционери ќе одат во јавноста само ако имаат допир со општата стварност а не само со инфантилните обиди за партиски репродукции со пуштање на афери кои никогаш не завршуваат но ја хистеризираат јавноста.

Трето, да престанат да угостуваат идиоти со токсични намери.

Четврто да престанат со контактните емисии кои се прегворени во платформи на партиски, пред се, вмронални ботови.

Петто, смена на луѓето од ЗНМ.

И на идејата за ЗНМ ваква каква што ја демонстрира актуелното парадерство.

Шесто, да расчистат со тоа дека да останеш без работа така што ќе го отераш у пизду материну уредникот или директорот, не е крај на светот туку за човекот што тоа ќе го направи може да биде нов убав почеток.

Нема волшебни решенија особено не ако тие на кои очекуваните решенија се однесуваат седат со скрстени раце и чекаат.

Вие сте тие на кои чекате

Тоа била паролата на индијанското племе Хопи, но вие, за жал, не сте Индијанци.

Вие сте Македонци.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

Бранко Тричковски колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.