Во вчерашниот ракетен напад на Киев, животот го загуби и новинарката на Радио Свобода, Вера Гирич. Веста на социјалната мрежа Твитер ја сподели нејзиниот колега Александер Демченко. Нејзиното тело било заробено под урнатините каде останало цела ноќ, по што било извадено од спасувачките екипи, денеска утрово. Гирич е само една во низата новинари кои ги загубија своите животи во војната во Украина. Последен меѓу нив беше фотографот и татко на три деца, Макс Левин.
Journalist Vera Girich from @radiosvoboda was killed in a missile attack on #Kyiv, her colleague Alexander Demchenko declared. pic.twitter.com/VbwxhJ66g2
— NEXTA (@nexta_tv) April 29, 2022