Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новиот британски премиер под притисок на лабуристите да го појасни повторното именување на министерката Брејвермен

0
By Ана Василевска on October 30, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Британската опозициска Лабуристичка партија ќе се обиде да ја принуди владата да објави проценка за нарушување на безбедноста од страна на  Суела Брејвермен, додека се редат негативните ракции за нејзиното повторно назначување за министер за внатрешни работи, само шест дена откако самата поднесе оставка од истата функција, јави  денеска ДПА.

Премиерот Риши Сунак досега се спротивставуваше на повиците да отвори  истрага за тоа дали Брејверман ги прекршила владините правила за користење на електронската пошта со тоа што,  без дозвола, споделила чувствителен документ со конзервативен пратеник од нејзината лична електронска пошта.

Лабуристите и либералдемократите изразија загриженост за „националната безбедност“ и го повикаа кабинетот на премиерот да почне истрага.

Лабуристичката партија ќе инсистира на објавување на проценката на ризикот за овој и други наводни министерски пропусти, како и на информациите што му биле дадени на Сунак пред да ја врати во Министерството за внатрешни работи.

Брејвермен досега одбиваше да застане пред пратениците во британскиот Парламент за да објасни што се случило.

-Риши Сунак и Суела Брејвермен не можат да продолжат да бегаат од овие прашања. Тоа е премногу сериозно и сериозно ја доведува во прашање одлуката  на премиерот. Луѓето треба да знаат дали на министерот за внатрешни работи може да му се доверат многу чувствителни информации и нашата национална безбедност. Одлуката на Риши Сунак повторно да ја назначи Суела Браверман е длабоко неодговорна, рече Ивет Купер, министерка за внатрешни работи во сенка.

„Лабуристичката партија ќе го искористи секој расположлив парламентарен механизам за да ја принуди владата да го разјасни нејзиното назначување, да добие одговори и да бара деталните документи да бидат испратени до комисијата за разузнавање и безбедност“, додаде Купер.

Сунак неделава ја врати Брејвермен на истата функција  што ја имаше кога тогашната премиерка Лиз Трас  принуди да поднесе оставка.

Лидерот на лабуристите Кери Стармер повика да се разреши министерката за внатрешни работи, обвинувајќи го премиерот Сунак дека договорил „валкан договор, со трампа на безбедноста за поддршка“ во трката за лидер на Конзервативната партија, која ја доби откако ја доби поддршката од Брејвермен.

Но, премиерот инсистира дека Брејвермен „научила од нејзината грешка“ и не се кае за нејзиното назначување, и покрај тоа што некои конзервативни пратеници се приклучија на реакцијата.

Конзервативката Каролин Нокс ги поддржа барањата на опозицијата за истрага, а поранешниот лидер на Конзервативната партија Џејк Бери го нарече нарушувањето на безбедноста „навистина сериозно“.

Риши Сунак Суела Брејвермен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.