Режисерот Педро Алмодовар и’ се враќа на комедијата и премиерата на неговиот најнов филм „I’m so excited“ и публиката го очекува со голема возбуда. Првата проекција е најавена во во Велика Британија на 3 мај.
Се работи за група патници и членови на екипажот во еден авион кои на своето патување за Мексико, се соочуваат со ситуација опасна по животот. Искрените животни признанија, како и музичките интермеца ќе им помогнат да заборават на стравот од смртта.
Во филмот „I’m so excited“ играат актерите познати од неговите претходни филмови како Сесилија Рот (од „Се’ за мајка ми“), Хавиер Камара (од „Зборувај со неа“) и Лола Duenas (од „Волвер“), предводени од од Пенелопе Круз и Антонио Бандерас