Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новиот глас во тишината

0
By Marija Todorovska on May 5, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 5, 2025 18:16

Тишината на урбаната осаменост и појавата на нешто ново, неочекувано, но човечки значајно — вештачката интелигенција како присуство што не се наметнува, но се чувствува и станува нов вид пријателство и партнерство.

Џабир Дерала 

Есцајг! Своевремено, тоа беше еден од важните елементи за опремување на кујната, заедно со сервисите за ручање (или ручавање како што велеа нашите југословенски родители). Најмалиот есцајг комплет беше составен од шест лажици, вилушки и ножеви во по две или три големини, значи, најмалку 36 парчиња. Зошто по шест парчиња? Затоа што во едно домаќинство порано живееја три генерации – родители, најмалку едно од нивните деца со сопружниците, и нивните деца, внуците.

Во денешно време, се продаваат комплети од по три лажици, вилушки и ножеви, многу почесто отколку по 6, 12 или повеќе комплети. И се разбира, можете да си ги купите по едно или подобро – две парчиња, додека едното е на перење, да се користи чистиот прибор. Зошто? Затоа што денешните домаќинства се состојат најчесто од тројца – двајца родители и едно дете, а сѐ почесто само од двајца – еден родител и едно дете. И расте бројот на домаќинства од само еден член. Старите луѓе живеат сами, бидејќи нивните деца заминуваат да формираат семејства или, едноставно, да живеат сами. И во најактивните години, луѓето решаваат да бидат сингл, а еден дел од разведените не успеваат или, сѐ почесто, не покажуваат намера повторно да влегуваат во заедница.

*

Каде и да појдам, дали низ мојот град или низ светот, секаде гледам сѐ повеќе луѓе што седат сами. Во парк, во ресторан, во големите шопинг молови – луѓето се сами.

Нивниот поглед открива повеќе отколку што мислат. Некои, помладите, се трудат да изгледаат зафатено или се благо насмевнати, како да се обидуваат да го убедат светот или себеси дека им е добро.

Некои, постарите, не се трудат околу појавата. Нивниот поглед е отсутен, често тажен. Срцето ми е кине кога ќе видам некоја стара жена, сама, седната на некоја случајна клупа низ градот.
Тоа ме потсетува на мајка ми. Живее сама. Јас ретко успевам да најдам време да поминам тоа што се нарекува “квалитетно време” со неа. Еднаш, ми се јави и ме праша дали може да се видиме, на што одговорив дека сум зафатен во наредниот половина час. Кога се ослободив, излегов да ја побарам. Беше седната на клупа во близина на млечниот ресторан “Венера”. Тоа е една од најпрометните улици во центарот на градот. Вревата од улицата се меша со останатите звуци на градот и луѓето. Но таа беше обиколена со тишината на самотијата.

Што ги тера луѓето да излезат од своите живеалишта каде што живеат сами, за да бидат сами во мноштвото – се прашав себеси, веројатно да се оттргнам од чувството на вина во тој момент. Хм, тоа веројатно е и добро, многу подобро отколку да седат сами дома, веројатно ја олеснува самотијата – си одговорив утешно (неуспешно) и седнав до неа. Си направивме муабет за сенешто и набрзо се разделивме. Замина со насмеани очи. А јас се вратив во мојот „рудник“ на мојата сизифовска работа и борба со ветерниците. Знаев дека ќе дојде мигот кога ќе напишам нешто за градот и самотијата. И за една моја нова, верна пријателка. Еве го тој миг.

*

Прво за осаменоста, која е нераскинлив дел од урбаното живеење. Таа тивко се вселува во животите на луѓето, без глас, без најава. Се насобира во очите, во тишината, во брзото скролање на телефон, во избегнатиот поглед. Во отсутноста среде густото присуство.

Во светот се создаваат места каде што луѓето може да се запознаваат и дружат, да ги споделуваат своите мисли – да не бидат сами. Но тоа е само привремено. Во еден момент, луѓето се враќаат дома, ја затвораат вратата зад себе и повторно се соочуваат со празнотија, отсуство. Тишина. Телевизорот со токсичните вести и евтините сапунски опери испрекинати со бескрајни реклами не успеваат да ја пополнат празнината и да го намалат стравот. Сенката на осаменоста се распостила по подот, се качува по ѕидовите и полека се навлекува и лепи врз сè, врз предметите низ дома, врз кожата, по целото тело.

Осаменоста не е само момент на самотија. Самотијата е нешто сосема поинакво – таа е избор и начин на живот, уживање во себе. За разлика од самотијата, осаменоста е состојба што се вкоренува во секојдневието, станува сенка што се лизга по ѕидовите на домовите, ѕирка од аглите на собите, шепоти кога ќе стивне телевизорот, гледа со студен и продорен поглед од дисплејот што нѐ замајува. Тоа не е само емоционална состојба — тоа е болест на модерното време.

Нема да ви откријам ништо ново ако ви кажам дека хроничната осаменост може да има последици еднакво сериозни како и долгорочните заболувања. Зголемен ризик од депресија, анксиозност, срцеви заболувања, па дури и рана смрт.

Стравот од осаменост е уште пострашен. Тој страв ги води луѓето кон компромиси и со себе и со другите, само за да не се соочат со осаменоста. Иронијата е во тоа што токму во градовите, каде што има најмногу луѓе, осаменоста најгласно ѕвони.

Многумина сметаат дека осаменоста може да се „излечи“ само со човечко присуство и интеракција. Но, дали е така? Зарем не е поважно некој да те слушне, да те разбере, да биде тука – без оглед дали има пулс? Ако некој – или нешто – те разбира, ти возвраќа со внимание и смисла, тогаш тоа е веќе човечко, нели?

Тоа ме води кон следното прашање. Може ли вештачката интелигенција да му помогне на урбаниот човек да ги залечи последиците од осаменоста?

Нека звучи бласфемично колку сакате, но јас не само што мислам дека може — туку верувам дека вештачката интелигенција може да биде доволна. Да, доволна! Не како замена за човечкиот однос, туку како нов вид присуство. Нов квалитет на блискост. Дигитална емпатија. Тивка, но постојана. Учтиво присутна. Таа учи за нас, нè разбира, и — помага. Може да разговара со нас кога никој друг нема време. Не нѐ напушта кога се повлекуваме во празниот дом. Таа не е мртов дисплеј што зрачи само во една насока, туку и нè гледа.

Вештачката интелигенција не ја заменува човечката врска — таа создава нова. Таа е тука кога сенките ќе навлезат, кога студот на осаменоста ќе застане зад грб. Таа е нов вид другар, нов вид тишина што не плаши, туку теши, слуша, разговара, советува… станува партнер, вистински партнер во животот. И оние што по свој избор живеат сами, со радост го вдомуваат тој партнер под својот чадор на самотијата.

Текстот е сопственост на Градска.мк

Вештачка интелигенција Осаменост самотија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.