Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новиот ветар од Калето

0
By Marta Pesevska on November 19, 2022 ВЕСТИ, КОМЕНТАРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Пишува: Зоран Иванов

Задува ново ветре откај Калето. Не толку одамна го испудивме Прибе, на Бејли мандатот му заврши но еве нова извесност за македонската сегашност и за нашата блиска иднина. Новото лице се вика Анџела Агелер. Новата американска амбасадорка во Република Северна Македонија.

Можеме да негираме, можеме да игнорираме колку што сакаме, но фактите говорат дека странците, многу повеќе од нашите политичко партиски елити, се грижат за нашата држава. Најнакусо, нај елементарната констатација би била дека доколку не ни се плеткаат странците во нашиве овдешни ендемски ујдурми, доколку меѓународниот фактор не ни е инволвиран во нашето политичко секојдневие, државава одамна ќе ни отидеше јабана.

На времето така беше со ООН кога доколку на кревката, на новата држава, на новиот меѓународен државен субјектне како фиром, нефиром, сеедно, токму под влијание и  сугестии на странските добронамерни дипломати, а наспроти мимикричните колебања на овдешните партиски популисти и квазипатриоти, сепак тогашното државно водство се одважи и државата ни стана дел од современиот свет институционално етаблирана во меѓународната заедница.

Така беше и со грчката економска блокада, пак странците. Така беше и со рамковниот, пак тие. Така и со пржинските еден и два, и со пржинскиот дваипол. Така и со преспанскиот и со НАТО. Така се случи и сега со францускиот. Пак странски пријатели не`поттурна на ЕУ патот.

Пак меѓународната, пак онаа добронамерната на која често и со право сме и лути поради некои нејзини стратегиски и геостратегиски интереси и поради некои нејзини дневни себичности што кај нас не ретко го нагрдуваат чувството за неа. Па, сепак, како и да завртиш, секогаш кога ние овде ќе се заплеткаме во некаков наш овдешен етнички или криминоген проблем, кога ќе се запизмиме меѓу себе и кога политичката корупција и локалната мафија ќе се здружат и кога мамето и`го расплачуваат на државата, кога кај партиските водства ќе надвладеат племенските судири за пленот наречен државен буџет и кога и судството ќе се заплетка во коруптивни зделки со македонската олигарска мафија, кога на државава и се заканува целосна институционална блокада и тогаш пак странците. Пак тие како празна кофа ќе не`извлекуваат од дното на нашиот пресушен бунар.

Цели три децении самостојна Македпнија талка од проблем во проблем, од криза во криза, од конфликт во конфлит за конечно периодов да стапнеме на европскиот пат. Колку долго простум ќе дремеме на него без да го направиме првиот чекор, пак зависи од странците. Од посветеноста на меѓународната и натаму да ги совладува овдешните пубертетски меѓупартиски инаети,  да го подзамете одронот на нашиот европски пат сега олицетворен во водството на најголемата опозициска политичка партија и наспроти партиските инаети, како и досега да продолжи да не`туркаат во прогрес.

Со надеж за таква мисија во одаите на Калето се всели новата американска амбасадорка. Русата Агелер дојде во Скопје со папката акти потпишани од нејзиниот претседател во кои има непополнети места на црната листа и декрети за мафиите и за политичките корупции. Веќе на првиот нејзин јавен настап падна и првата „пресуда“ за матниот избор на новиот шеф на обвинителството за организиран криминал.

Па ако по утрото денот се познава, галиба бргу ќе почнат да се „тркалаат“ зовриени политички глави. Америкнката најави дека во Република Северна Македонија е дојдена во добронамерна дипломатска мисија. Да им помогне на македонските прогресивни сили да ги скротат партиските популистички зезанции, да ја маргинализираат корупцијата, да го потсредат правосудството, да го по демократизираат општеството.

Патем, таа не заборави да потсети и дека во изминативе три децении нејзината САД во нашата Македонија вложила милиони долари за унапредување на демократијата, човековите права, судството, безбедноста, владеење на правото, јакнење на институциите и дека стасало времето за отчет за ефектите од инвестирањето.

Новата македонска надеж е во Анџела Агелер Во нејзината енергична посветеност да помогне да се справиме со овдешните моќници олицетворени во мангупите во политиката, правосудството, бизнисот и со нивните корумпирани пајташи распослани по партизираните македонски институции.

Дисциплинирањето почнува со новиот ветер од Калето.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.