Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новиот Закон за медиуми со промени за интернет-порталите

0
By Marija Todorovska on March 11, 2025 ВЕСТИ
Фото: Pixabay
Фото: Pixabay
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Нацрт-измените на Законот за медиуми со кои интернет-порталите треба да бидат препознаени како медиуми е во последна фаза на усогласување со генералниот секретаријат на Владата и најверојатно денеска ќе се најдат на владина седница, најавува минстерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Андоновски вечерва во телевизиско гостување потсети дека Нацртот-измените биле објавени на системот ЕНЕР, имало различни коментари и оти актуелната верзија е некаква средна вредност што произлегла од нив.

Овој закон како идеја потекна од два аспекти. Едниот е патоказот за владеење на правото и Поглавјето 23 кое утврдува дека мора да имаме поголема јасност и транспарентност во уредувањето на медиумите и препознавање заради гарантирање на конкурентност и гарантирање на квалитетот и професионализмот на медиумите, признавање и препознавање на онлајн медиумите. Вториот аспект е дека во разговори со Здружението на онлајн медиуми и останатите онлајн медиуми, тие истакнаа подготвеност да предложат и иницираат ваков тип измени што ќе значат нивно препознавање како медиум, работа што ја вршат долги години, а никогаш не беше препознаен нивниот ангажман како медиум“, рече Андоновски во дебата во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Зоран Трајчевски нагласи дека Агенцијата двапати дала забелешки коишто се внесени во Нацрт-измените.

Сега зборуваме за суштинските забелешки што ги дадовме. Сите се прифатени и претпоставувам дека во таа форма и ќе биде усвоен законот во Парламентот, рече Трајчевски.

Според извршниот директор на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Драган Секуловски, овие Нацрт-измени во голема мера ги исполнуваат нивните очекувања.

 Верувам дека со овој закон ќе се исполни просторот што остана неискористен во изминатите години. Инаку, кога станува збор за онлајн медиумите, тие секако дека се препознаени од страна на државата, од страна на правосудството. Ако не беа препознаени, немаше да бидат корисници на јавни средства за политичко рекламирање. Исто така, не само во судовите во Македонија, туку и во Европскиот суд за човекови права има конкретни пресуди во полза на новинари што работеле во онлајн медиуми во изминатите години“, рече Секуловски.

Секуловски истакна дека ЗНМ има две забелешки на содржината на Нацрт-измените и дополнувањата на Законот за медиуми. Првата забелешка, рече тој, е во однос на минималниот услов да има три лица во редовен работен однос за да се влезе во регистарот на онлајн медиуми што ќе го води Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услови. Според ЗНМ, со ова помалите онлајн медиуми ќе бидат доведени во подредена улога, особено оние што работат надвор од Скопје и имаат скромни примања за еден или двајца вработени. Предлогот на ЗНМ е да се направи исклучок, односно да се има разбирање за нив.

Во однос на тоа како е дојдено до бројката од најмалку тројца вработени, министерот Андоновски нагласи дека нашле решение помеѓу два екстреми – едниот кој велел да не се зема предвид бројот на вработени со што секој би можел да регистрира онлајн медиум, и вториот екстрем, кој вели дека е потребно да се бара сериозна бројка на вработени, нешто што го исполнуваат телевизиите од национален и локален карактер или радијата. Андоновски дополни дека планираниот регистар не бара задолжителна регистрација и оти медиумите кои нема да се регистрираат нема да прекинат со функционирање и оти со измените на законот, регистрираните професионални медиуми нема да добијат никакви поволности.

Со овие измени ниту даваме субвенции на тие што ќе се регистрираат, ниту поголеми примања, туку се движиме кон професионализација и бараме овие онлајн медиуми кои ќе се регистрираат навистина да бидат респектабилни. Ќе се согласите дека респектабилен медиум е медиум кој има повеќе вработени, кој продуцира свои вести и информации и затоа ја ставивме скалата на тројца вработени. Нема да се сложам само за една работа – локална телевизија, национална телевизија дека е еднаква на локален онлајн медиум, затоа што никој не може да спречи еден локален онлајн медиум кој е лоциран во Велес да може да споделува информација за Доналд Трамп, за Украина, за европски интеграции на Македонија, никој не може да го ограничи дека ќе споделува само локални вести, рече Андоновски.

онлајн медиуми Стефан Андоновски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.