Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новите околности

0
By Zoran Ivanov on November 10, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неможеме и не смееме да ги третираме авторитарните појавности како апсолутна легитимација или апсолутна подршка, туку само како една природна и феноменолошка первезија на самата демократија, во време на криза. Со која, конечно, може да се справиме.

Ана Чупеска

Новите околности се со многу предизвици. А , тие и такви предизвиците, пак, треба да се прифатат во целината на своите феноменолошки, онтолошки и епистемолошки аспекти.

Не, да се урла по нив.

Не, со морално згрозување.

Не,  од позиција на морална супериорност.

Ништо од тоа не е апликативно во денешните околности. Тие изискуваат радикално престројување на вредностите, но,  и радикално восприемање на стварноста.

Без патетика,  и со комбинирање на разумот и страста.

“Новите околности”, може да кажеме, дека и не се баш посебно нови. Историјата познава многу контексти слични на актуелните ( социо-полтички кризи, напр.). И толму тука може да се опредмети нашата предност. Поточно, предноста на прогресот.

Колку и да звучи неверојатно.

Ова сепак е така.

Предноста на прогресот, имено, се ситуира во предвидивоста за крајната дестинација на авторитаризмот.

Напр. ако се присетиме на социјалните и економските дисхармонии типични за предвчерието на фашизмот; или; стаљинизмот, многу лесно може да извлечеме паралели кои се адекватни и за наштите сегашни состојби. И од тие епизоди на антихуманизам имаме многу научено. Значи, состојбите се слични, но, СЕПАК, има тука ена големата и важна разликата. Од тогаш до денес , прогресот се стекна , ако ништо друго, со значаен капацитет за предвидливување на дејствијата кои ги прави црната интернационала  преку авторитарните алијанси кои оперираат низ светот.

Просто кажано, денес можеме да знаеме што може да очекуваме од нив.

За разлика од претходно.

А тоа не е мала разлика.

Денес знаеме што ни претстои,и  во тоа се состои нашата предност.

Или, нивната предвидливост е нашата предност. Затоа, оваа прогресвна и цивилизацска придобивка, мора да се искористи во отпорт против налетот на илибералниот бран.

Мислам дека, од перспектива на политичка сврсиходност повеќе и не е важно дали и како се случува тоа што се случува,

туку,

како да се запрат предвиливите недемократски политички пракси кои се и ќе бидат во пораст.

Впрочем, имаме искуство, и субстантивно знаење ( knowledge ) за се она што цивилизацијата, особено, она што европската културата го има проживеано како историско – политички регрес. И како демократски регрес, следствено.

Овие сознанија ќе мора да се употребат во корист на оневозможување и пресретнување на идејата за целосна окупација на хуманата свест. Оти, ноторен факт е дека низ светот постојат сеуште прогресивни енклави, кои, не поверува во големата измама и первертираната демократска апликација. А овој факт ( потврден на изборните процеси наоколу и подалеку); ни дава за право да веруваме дури и дека е можна и инверзија.

Простете, легитимитетот, вистина може да биде дискутабилен од аспект на оправдана поддршка на авторитарните политики, оти тој по сите квантитативни параметри е содржан сепак, во мали разлики на изборните победи на авторитаризмите. Но, разликите не се толку големи во смисла на апсолутна масовоност/гласање. Туку, станува збор за разлики во процентите на поддршка кои се на ниво на феноменолошка демократска ескпозиција. Ова од една многу проста причина, а тоа е дека сите демократии страдаат од извесен електорален дефект, кој дава симулакрум на полн легитимитет. Затоа неможеме и не смееме да ги третираме авторитарните појавности како апсолутна легитимација или апсолутна подршка, туку само како една природна и феноменолошка первезија на самата демократија, во време на криза. Со која, конечно, може да се справиме.

Важно е овде, дека Прогресот , останува жив, но и единствениот субјект за субстантивен демократски  преврат.

На таа линија, поточно е да кажеме дека последнава година, имаме низа на легални изборни резултати, но, со авторитарни последици. И спротивно, погрешно е да тврдиме дека илиберализмот добил апсолутна подршка.

Резимирано, во новите околности во кои сведочиме и ќе сведочиме понатамошно растење на авторитаризмите и нивно екипирање и освојување долж меридијаните, особено во Европа, сепак имаме неколку клучни предности.

Прво, нивното однесување е предвидливо.

Второ, подршката за овие политики не е толку голема како што се чини, затоа што поддршкта е повеќе легална одошто легитимна.

Трето, сеуште постои прогресивен свет.

Конечнио, од оваа позиција на предност, најважното прашање не е како дојдовме до тука, туку што може да се направи да се смали предвидливото демократско назадување.

Текстот е сопственост на Либертас.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
ФОКУС

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

ВЕСТИ October 13, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп, како и медијаторите Египет, Катар и Турција, попладнево го потпишаа договорот…

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

October 13, 2025

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

October 12, 2025
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.