НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ново задолжување за раздолжување и за покривање на дефицитот – 59,3 милијарди денари во странство и 21,6 милијарди денари дома

0
By Sashko on May 21, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дефицитот и отплатата на надворешниот и на домашниот долг во износ од 11,8 милијарди денари, или вкупно 54,5 милијарди денари, ќе се финансираат преку задолжување на меѓународниот и нa домашниот пазар, информираше министерот за финансии Фатмир Бесими, претставувајќи го ребалансот на Буџетот за 2022 година.

Со оглед на актуелните економски и надворешно-политички состојби, оваа година ќе биде ставен поголем фокус на финансирање од меѓународните пазари. Ваквата определба, укажа тој, ќе овозможи повеќе пари од домашниот банкарски сектор да бидат искористени во македонската економија, а дополнително, преку надворешните извори за финансирање ќе се зголемат државните девизни резерви.

„Во рамки на домашното задолжување што е проектирано на 21,6 милијарди денари, превидено е задолжување на домашниот пазар на државни хартии од вредност или заем. Задолжувањето во странство на ниво од 59,3 милијарди денари ќе се реализира преку повлекување на средства од поволни кредити од странски финансиски институции наменети за финансирање на одделни проекти, како и задолжување заради финансирање на буџетскиот дефицит“, рече Бесими, дополнувајќи дека за финансирање на буџетскиот дефицит се предвидени средства од ММФ, како и средства од меѓународниот пазар на капитал преку издавање на должнички хартии од вредност.

Министерот за финансии посочи дека во услови на енергетска криза, здравствена пандемија и војна во Украина, условите на меѓународните пазари на капитал се променливи и тешко предвидливи. Затоа, наведе, со цел да се обезбеди непречено финансирање на буџетските потреби, како и да се намалат ризиците за рефинансирање, оваа година во буџетот се става готовински бафер, којшто нема да биде потрошен во тековната година, односно ќе обезбеди средства за претфинансирање на следната година во износ од 38,1 милијарда денари.

Во одговор на новинарско прашање, Бесими појасни дека задолжувањето, пред сè, се сведува на отплата на долгови дома и во странство од 11,8 милијарди денари или околу 200 милиони евра, а остатокот е за покривање на дефицитот од 42,7 милијарди денари, односно тоа се некаде 696 милиони евра.

„Исто така ќе забележите во самиот буџет има повисок износ. Повисокиот износ, од ова што е 700 милиони од дефицитот е во однос на зголемување на депозитите на државата, односно на трезорот кај Народба банка со оглед на неизвесноста на финансиските пазари. Ние во Буџетот имаме предвидено, исто така, бафер или резерви во депозитите во однос на финансирањето на Буџетот не само за 2022 година, туку и за 2023 година. Тоа е дефинирано во Буџетот со цел да можеме исправно да ги оптимизираме нашите потези на меѓународните финансиски пазари, со цел најоптимално да се задолжиме во однос на потребите за финансирање на Буџетот. Финансирањето предвидено во самиот Буџет како прилив изнесува 54,5 милијарди денари од кои домашно 27,1 и странско 65,5. Ако ги гледаме бруто и на тоа ќе одземаме 11,8 милијарди, тоа се 42,7 милијарди колку што е дефицитот за потребите за финансирање.  Доколку ги гледаме на нето основа, домашното нето задолжување би било 21,6 милијарди денари, а странското 59,3 милијарди денари. Со тоа значи се финансираат потребите за дефицитот на Буџетот, но и се зголемуваат депозитите на трезорот во НБ, доколку финансиските пазари покажуваат поволни прилики во однос за потребите за оваа и за наредната година“, образложи Бесими. 

Тој информираше и дека се финализираат деталите од договорот за бараните средства од ММФ, потенцирајќи дека сме квалификувани за најавениот инструмент за користење е добар сигнал и за финансиските пазари.

„При крај сме на финализирање на деталите од тој договор и во наредниот период, значи додека трае процедурата за донесување на Буџетот, откако ќе се заврши таа процедура веќе ќе бидеме во финална фаза каде што точно ќе имаме можност да ги повлечеме срдствата за кои што ќе се договориме, а исто така за разликата од тоа ќе се обезбедат други финансиски инструменти во земјава и во странство“, рече Бесими.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.