Скопје: Компанијата „Новоматик Македонија“ стана генерален спонзор на фудбалскиот клуб „Вардар“, за што денесска беше потпишан договор.
Марија Митреска како претставник на компанијата, информираше дека одлучиле со финансиска програма од еден милион евра годишно, да го поддржат фудбалскиот клуб. Таа нагласи дека со оваа многу важна одлука, продолжува партнерството со заедницата и поддршката за македонскиот спорт.
Со две илјади вработени веќе 18 години сме присутни на домашниот пазар на игри на среќа и даваме сериозен придонес во развојот на македонската економија. Никогаш не отстапуваме од корпоративното мото, секогаш општествено одговорна компанија. Сакаме да потенцираме дека како генерален спонзор не се амбицираме да ја преземеме и управата на клубот, туку единствено ќе номинираме наш претставник, кој ќе врши надзор на финансиското работење на фудбалскиот клуб, појасни таа.