Вашингтон: Локален полициски снајперски тим бил распореден во зградата од чиј покрив атентаторот Томас Метју Крукс пукал и го рани поранешниот американски претседател и актуелен претседателски кандидат Доналд Трамп за време на предизборен митинг, објави Њујорк пост, цитирајќи полициски извори.
Зградата во Батлер, Пенсилванија, во која се наоѓаше фабрика за пакување стакло и пластика, локалната полиција ја користеше како „набљудувачки пункт“ за нивните снајперисти да внимаваат на заканите додека поранешниот претседател држеше говор на само околу 110-120 метри, тврдат изворите.
Според нив, во моментот на пукањето полицајците биле внатре во зградата, но не на нејзиниот покрив.