Нов скандал во односите на САД и ЕУ откако на Твитер беше постирана снимка од телефонски разговор на помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Викторија Нуланд со американскиот амбасадор во Украина Џефри Најт.
„Нека се е.. ЕУ“, му рекла Нуланд на својот соговорник, додека разговараат за улогата на ООН во решавањето на кризата во Украина.
Во разговорот, Нуланд го споменува Роберт Сери, кој е именуван од ОН за специјален претставник за Украина.
„Овој Роберт Сери ќе заврши одлична работа за да се средат работите. Добро е што ОН помага во решавање на проблемите. Нека се е… ЕУ“, вели Нуланд.
Двајцата дипломати разговарале во врска со решавањето на украинската политичка криза, при што Нуланд јасно навестува дека САД нема да го поддржат влезот на опозиционерот Виталиј Кличко во новата украинска Влада, туку го преферираат Арсениј Јаценјук.
Снимката на Твотер прв ја објави Дмитри Лоскутов помошник на рускиот премиер. Официјален Вашингтон не ја демантираше веродостојноста на снимката.