Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обама до Русија- воена интервенција во Украина со себе носи цена

0
By Нова ТВ on March 1, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Длабоко сме загрижени од информациите за движење на армијата на Руската Федерација во границите на Украина, изјави американскиот претседател Барак Обама.

„Било кое кршење на суверенитетот или територијалниот интегритет на Украина ќе предизвика длагоко дестабилизирање. САД заедно со меѓународната зедница сметаат дека воена интервенција во Украина со себе носи цена“, изјави Обама откако вчера преку медиумите беше директно следено движењето на руската војска.

Вчера привремената влада на Украина ја обвини Русија за упад во југоисточниот регион на Крим, откако вооружени лица заземаа два аеродрома во областа која го поддржува сменетиот претседател Виктор Јанукович.

Според украинскиот министер за внатрешни работи, Арсен Аваков, главниот аеродром Симферопол, и воениот во Севастопол, се заземени од федералната морнарица на Русија.

„Гледам што се случува – вооружена инвазија и окупација, спротивно на сите меѓународни договори и норми. Ова е директна провокација за крвопролевање на територија на суверена држава“, напиша Аваков на Фејсбук.

Федералната морнарица на Русија пак, објави соопштение со што ги негира обвинувањата и инсистира дека нејзините сили не заземале ништо и не дејствувале на аеродромите, пренесува агенцијата Интерфакс.

Олександар Турчинов, актуелниот претседател на Украина кој го замени Јанукович, пред Парламентот истакна дека им наредил на војската и полицијата да преземат „било какви мерки“ за да ги заштитат украинските граѓани.

Во неговата изјава, тој ја предупреди Русија дека секакво движење на пристаништето на Црното море во Крим, ќе се смета за „воена агресија“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.