Американскиот претседател Барак Обама изјави вчера дека се уште не одлучил како да ја заузда Националната загенција за сигурност (НСА) после откритието од големи размери за прислушкување.
На годишната прес-конференција пред новинарите Барак Обама изјави дека податоците кои ги собира тајната агенција им се потреби на САД. „Не можиме едноставно да се разоружиме“, рече Обама и рече дека тие податоци можат да се соберат со „зајакната контрола“.
Тој ја презеде одговрноста за проблемите на граѓаните при пријавување на здравственото осигурување кое им им го овозможи новиот закон за здравствено осигурување познат како Обамакер.
„Бидејќи сум задолжен за тоа, ја оплескавме“, рече Обама и го изнесе податокот дека во првите три недели во декември за осигурање се пријавиле над половина милион Американци.
Обама рече дека разбира што некои застапници на САД сакаат да „изгледаат цврсто“ во односите со Иран но според него сега не е момент за воведување на сакции за Техеран.