Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Објавена е видео едицијата од „Пич Прич“ на тема „Фасада“

0
By НОВА ТВ on May 27, 2021 КУЛТУРА
Кредит: Јелена Белиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вчера беше објавена видео едицијата на феминистичката платформа за раскажување на женски приказни „Пич Прич“. Како и секогаш и оваа необична пандемиска едиција на „Пич Прич“ беше предводена од страна на писателката Румена Бужаровска и преведувачката Ана Василева. Оваа едиција на „Пич Прич“ со тема „Фасада“ всушност била снимена минатата година без публика, но дури сега беше објавена.

Видеото почнува со водителките Румена и Ана кои се шетаат околу спомениците на Скопје 2014 облечени во кичасти фустани и носејќи барокни перики кои одговараат на позадината која ги опкружува. Тие објаснуваат каква цел има овогодишниот „Пич Прич“.

„Пич Прич е иницијатива која се залага да ја зачува женската орална традиција со тоа што се раскажуваат женски приказни чија цел е да се нормализира присуството на жените во јавната сфера и да се актуелизираат женските искуства,“ вели Ана Василева во воведот на видеото.

„Ја избравме оваа тема [фасада] за да се осврнеме на колективната траума од Скопје 2014, милионски проект што комплетно го реконструираше лицето на градот и јавниот простор во него, со тоа влијаејќи страшно врз нашите животи,“ вели Румена Бужаровска додека оди заедно со Ана по Мостот на Уметноста во Скопје. „Како што гледате на мостот на уметноста има нула жени.“

„А причината за тоа е тоа што Скопје 2014 на жените им дава две улоги: или мајка или муза,“ додава Ана.

„А традиционално гледано, музата претставува инспирација за креаторот – мажот,“ вели Румена.

Кредит: Јелена Белиќ

Брзо по овој краток вовед, Ана и Румена почнуваат со панелот на нивните гостинки раскажувачки токму пред Колонадата со деветте музи на кејот во Скопје. Шесте раскажувачки беа следните:

  • Јана Белчева, поранешна претседателка на советот на општина Центар
  • Принцес Донацу, пејачка и музичарка
  • Ивана Драгшиќ, социолог по професија, но и Ди-Џеј, како и активистка за женски и ЛГБТ права
  • Јехона Спахиу, историчарка на уметност и конзерваторка која е вработена во Националниот Конзерваторски Центар во Скопје
  • Лидија Димова, поранешна пратеничка и директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
  • Салија Бекир Халим, активистка за човекови права, посебно во полето на репродуктивните права на Ромките, и е претставничка на неформалната Иницијатива на жените од Шуто Оризари.

Секоја од шестте раскажувачки раскажува приказна или пак подолг осврт на темата фасада на комплетно различен, но дефинитивно креативен начин. На пример, Јана Белчева зборуваше за каков ефект има архитектурата врз јавниот простор, додека Јехона Спахиу зборуваше подетално за одредени родови аспекти од проектот Скопје 2014. Принцес Донасу раскажа лична и комична приказна поврзана на темата, а Ивана Драгшиќ на социолошки начин обрна внимание на проектот Скопје 2014 додека исто така на хумористичен начин ѝ покажа на публиката (која всушност ја немало во моментот на снимање) какви шминки користи за нејзината „фасада“. Лидија Димова зборуваше за личните фасади кои ѝ биле потребни за да преживее, а Салија Бекир Халим зборуваше за интернализираниот расизам и нејзиното искуство како жена Ромка во С. Македонија.

Видео едицијата „Пич Прич Фасада“ има превод на англиски и на албански и е бесплатно достапна на Youtube каналот на Пич Прич.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.