Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Облакот на Хирошима и Нагасаки над Европа

0
By Mirjana on February 28, 2022 СВЕТ
Ivy Mike (yield 10.4 mt) - an atmospheric nuclear test conducted by the U.S. at Enewetak Atoll on 1 November 1952. It was the world's first successful hydrogen bomb.
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Соња Крамарска

Европа и светот се разбудија во нова реалност-закана од нуклеарна војна. Војна во која Путин нема да ја жртвува само Европа со своите налудничави планови туку и Русија. Развојот на војната оди во несакан правец, а стравувањата од глобална катастрофа растат со секој нов ден.

Колку е реална таа закана и што тоа значи и за Северна Македонија, консултираме експерт по војување од македонското Министерство за одбрана. Според експертот, кој сака да остане анонимен заради чувствителноста на темата, на нуклеарната закана на Путин треба да се гледа на повеќе нивоа, и тоа политичко, тактичко и оперативно.

Политичкото е колку е тој подготвен да ризикува дома и надвор, тактичко е дали намерите му се да прати порака до САД, НАТО и ЕУ да ги запрат санкциите, а оперативно е да го скрши отпорот на Украина и на претседателот Зеленски и поддршката што ја добиваат од демократскиот свет. Нашиот извор смета дека нуклеарен напад не треба да се исклучи бидејќи рускиот лидер со секој нов ден го губи легитимитетот и демонстрира нервоза во постапките. “Изминатите неколку дена покажаа дека тој не може да ги оствари своите планови за брзо освојување на Украина и тоа го прави опасен”, смета изворот.

Поконкретен во своите процени е генералот Горанчо Котески, поранешен началник на Генералштабот на Армијата, кој вели дека опасноста е реална и тоа повеќе за европската и светската безбедност бидејќи ако Путин реши да ја оствари заканата негова цел нема да биде Украина затоа што истрелување на нуклеарни ракети ќе ја загрози и Русија поради близината со Украина. “Затоа тој го употреби терминот „одвраќање“ а не „напад“ односно вели дека ги става во борбена готовност во случај да треба да се брани”, вели Котески. Меѓутоа, тој додава постои и т.н. тактичко – нуклеарно оружје кое се користи на оддалеченост од 5-6 километри и се исфрла од обични топови или минофрлачи и кое може да биде употребено во радиусот на кризното жариште , без да биде загрозена Русија, што ја прави опасноста од нуклеаран напад реална.

Тој појаснува дека употребата на нуклеарно оружје би било катастрофа за целиот свет и дека ќе води кон војна со несогледливи последици во идните сто години поради дејствијата што ги предизвикува нуклеарното оружје а тоа се разорни, ударни, топлотни и секако радијацијата.

Околу можноста врз Путин да се изврши притисок да се откаже од “бомбастичната” реторика, американски “Политико” потсетува дека Русија и САД во 2015 година при сириската криза воспоставиле модел на “деконфликтизација” кој подразбира директен контакт меѓу воените врвови на двете држави заради појаснување на реториката.

“Со две потенцијални нуклеарни сили на блиска географска оддалеченост, реален е потенцијалниот воен конфликт од пошироки размери и затоа е потребна итна деескалација”, анализира “Политико” наведувјќи дека директната телефонска линија меѓу Вашингтон и Москва постои уште од кубанската криза во 1963 година кога беа близу до нуклеарна војна. Но според изворите на порталот во Пентагон, комуникацијата овие денови е замрена.

 

 

ОПАСНОСТА ОД РЕТОРИКАТА ЗА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ НА ПУТИН
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.