НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Образование Струмица: прокиснати покриви и 1 хигиеничарка на 1.000 деца

0
By Томе Христов on September 26, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стартот на учебната година неизвесен за некои првачиња

Првото ѕвонче вообичаено носи радосна возбуда за првачињата, како и за нивните родители. Но првиот школски час нема да го паметат по добро првачињата од основното училиште „Даме Груев“ во селото Свидовица, струмичко. Состојбата таму е катастрофална. Во случај на дожд дечињата мора да стојат во ходниците, па дури и да излезат надвор од училиштето. Кровот се уште не е саниран. Родителите на децата на стартот на учебната година дадоа рок до надлежните во Министерството за образование до 15 септември кровот да се санира или во спротивно нема да ги пуштаат децата на училиште во такви услови.

„Во моментот кога врне, децата се низ ходниците на одредени места каде што не пропушта. Во вакви услови е жално да учат, па така од понеделник овие деца нема да посетуваат настава“, вели Наде Мицева, претседател на Советот на родители од ова училште.

Директорката Валентина Пеливанова вели дека ги поддржува родителите во делот на подобрување на условите. Таа додава дека покрај потребата од санирање на кровната површина, направени се останатите зафати во делот на прозорците, внесување на вода, како и дезинфекција во училиштето.
И од локалната самоуправа изјавија дека веќе неколку пати имаат поднесено барање до надлежното министерство за овој проблем, но до денеска состојбата во училиштето е иста.
Бројот на запишани ученици се намалува
Новата учебна 2014/2015 година ја започнаа вкупно 8.109 ученици, од кои 4.479 во основното и 3.630 во средното образование, во 9 основни и 3 средни училишта. Но, бројот на запишени ученици од година во година е се помал. Во 2009 година биле запишани 1.187 средношколци во прва година, додека денеска се запишани 953, односно се бележи намалување од 20 отсто. Сето тоа укажува на трендот на иселување на младите од државата, велат надлежните.

Катастрофална состојба во предучилишна возраст

Градинките во Струмица и годинава се соочуваат со проблемот околу малиот број на кадар. За хигиената на 1.000 деца во просториите на четирите градинки во Струмица се грижи само една вработена хигиеничарка.

„Воспитно образовниот процес се одвива под едно ризично и незадоволително ниво. Во четирите градинки имаме прифатено околу 1.000 дечиња, а за сите нив има само еден хигиеничар. Реално имаме потреба од уште 13 воспитувачи, седум негуватели, осум садомијачи и 16 хигиеничари. По ваквата слика, сите можат да сфатат колку е лоша состојбата со наставниот кадар“, рече Заев.

Надлежните истакнаа дека во сите четири градинки има вкупно 68 вработени, а потребата од воспитувачи, хигиеничари, садомијачи и останат кадар по систематизација изнесувала 112. Одговор за ваквата состојба побаравме и од надлежните во Министерството за труд и социјална политика. По испратените прашања на нивна адреса зошто нема согласност за
вработување на нови кадри, до денеска одговор не добивме.

Нова Кембриџ програма – неподготвени наставници

Новата програма е воведена без да се обезбедат потребните услови, велат од ООУ „Сандо Масев“ во Струмица. Зголемени се обврските на дечињата, кои и тие исто како нас ќе влезат оптоварени и неподготвени, објаснува наставничкиот кадар во училиштето.

„Оваа учебна година требаше во прво одделение учениците да не го изучуваат предметот Општество, од причина што наставните содржини од истиот ќе бидат опфатени по предметот Природни науки што за прв пат се изучува оваа учебна година со 2 часа седмично (наместо предметот запознавање на околината). Во последен момент го ,, додадоа“ и Општество со плус 1 час седмично и со тоа неделниот фонд на часови порасна на 23 , што е оптоварување за учениците кои буквално ќе заспиваат на клупите. Интересно е дека учениците по предметот Општество немаат ниту учебници и затоа ќе учат од старите учебници по Природни науки, додаваат од наставничкиот кадар.

Од таму велат дека надлежните носат одлуки како што ќе им текне, бидејќи најверојатно тендерите за учебници или поминале или нема напишано учебник, што е крајно поразително.

„Исто така, часовите по математика ,,пораснаа“ од 4 на 5. Сето ова се оправдува со ,,настава по Кембриџ“. Сигурно децата таму немаат 23 часа неделно или пак ако имаат целокупната настава (по сите предмети) е осмислена по системот постапност, што е основа на секој добар образовен систем. Жртва не е само генерацијата во прво одделение, туку и второ и трето, затоа што има огромни аномалии и неусогласеност“, велат за НОВА наставниците.

На новата програма се жалат и родителите. За нив е несвојствено, како што велат, децата во прво одделение да учат по осум предмети и да бројат до сто, а притоа да се скока пишување на бројки и букви.

„Ова е тотално промашување со новата програма, единствено е тоа што ќе ги осакатат децата. Моето дете е дома збунето, минатата година учеше бројки и букви, за оваа година со новата програма да треба да собира множества. За него ова е сложено и мислам дека ќе ги упропастат децата, бидејќи првенствено немаат услови за оваа нова програма“, вели Љубчо Бучевски, родител на дете во второ одделение.

„Нашите деца ќе излезат како „неписмени“, не знаат како се држи молив за правилно пишување, ги тераат да собираат до 20, да бројат до 100, а го нема делот со пишување на исти бројки и букви во тетратки со линии“, вели родител на дете во основно училиште.
Нов предмет Иновации во деветто одделение – наставниците допрва ќе се обучуваат
Министерството за образование и наука го воведува како задолжителен предметот „Иновација и претприемништво“, иако веќе е започната наставата во основните училиштата. Наставниците кои ќе држат настава по овој предмет допрва ќе се обучуваат.

Новиот предмет со статус на редовен ќе биде со 36 часови годишно. Од Бирото за развој на образование на директорите им било кажано да го вметнат во програмата од 1 септември, иако го немаат одржано. Наставниците велат дека немаат учебници, ниту пак некаква обука за држење настава по истиот. Од основните училишта во Струмица се жалат дека дополнителните часови по предметот нема да бидат платени и дека самите треба да се снаоѓаат за материјали, кои пак можеле да се најдат во наставната програма за средните училишта.

Од МОН не добивме одговор, зошто е вметнат нов предмет кога веќе е започната школската година и на кој начин наставниците ќе држат настава без учебници и допрва ќе се обучуваат за предметот Иновации и претприемништво.

Струмица најмалку им должи на училиштата

Општина Струмица е најверојатно единствена општина која нема проблем со тековен долг на основните и средните училишта. Така барем вели градоначалникот на Струмица Зоран Заев.

„Според нашите информации, над 100 милиони евра е долгот на основните и средни училишта во Македонија по основ на превоз, греење и комунални услуги. Општина Струмица има долг од 2 до 3 милиони денари и до крајот на септември мислам дека ќе бидеме анулирани на нула, затоа што сметките за септември пристигаат некаде околу средината на октомври, но тоа не е само по себе случајно така, вели првиот човек на градот Зоран Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.