Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОБСЕ: Загрижува и втората верзија на законот за медиуми

0
By Сашка Цветковска on July 13, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Подобрувања на првата верзија има, но тие не се суштински, а владата треба да се фокусира само на аудиовизуелните медиумски услуги што би ги следеле, во најголемиот број случаи, одредбите на Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги што се релевантни за Македонија, наместо да прави голем и обемен закон кој ќе ги уредува сите медиуми, ова се општите заклучоци од експертската анализа на ОБСЕ за вториот нацрт на предлог законот за медиуми изработени.

-Иако се направени неколку подобрувања, сѐ уште остануваат многу причини за загриженост. Измените и дополнувањата се направени на начин да претставуваат влегување во детали и често многу мали промени и дополнувања, во ситуација во која целосен ремонт на Законот – што би резултирал во нов, многу пократок и различно структуриран Закон – би било многу подобро решение, пишува во втората експертиза на ОБСЕ.

Во коментарите ОБСЕ повторно препорачува добар дел од она што сега се нуди како регулација со закон, да се остави на саморегулација на медумите.

– Законот се уште покрива премногу различни прашања и, дури и со одредените подобрувања, се уште нуди премногу детално уредување на прашања што би требало да бидат оставени да се уредат внатре од медиумите, според нивно наоѓање.

Како едно од најзначајните подобрувања ОБСЕ го смета бришењето на поранешниот Член 52 за издавачите на печатени медиуми, но забележува дека одредбите кои се однесуваат на уредниците на печатени медиуми и регистрацијата на истите се оставени во текстот и може да претставува ограничување на бизнис активностите и да делува лимитирачки за слободата на медиуми. Забелешки има и за оставањето на дефиницијата новинар во текстот.

-Во Дефинициите, дефиницијата за издавач на медиуми е донекаде ограничена, и тоа е позитивна промена. Дефиницијата за Новинар останува во текстот, малку изменета, но и понатаму е прекумерна а потенцијално и ризична. Дефиницијата за електронски публикации е променета, што е позитивно, но останува дека дури и поограничениот опсег на електронски публикации што сега ги покрива не треба да бидат подложени на регулација, пишува ОБСЕ.

Остануваат суштинските забелешки и од минатата експертиза околу именувањето и составот на регулаторното тело кои можат да бидат подложни на политички влијанија, а вака како што се дадени се без значајно учество на граѓанскито сектор.

-Една од поголемите причини за загриженост кај одредбите за регулаторната агенција се однесуваше на прашањето дека не е обезбедено доволно учество на граѓанското општество во именувањето и изборот на членовите. Таа загриженост останува затоа што не се направени никакви посуштински промени во соодветните одредби. Должината на мандатот е донекаде ограничена, што е позитивно, но сметаме дека многу подобро би било таа да се одреди на уште пократок период, со можност за еден реизбор, како и воведување на „преклопени“ мандати, со што ќе се обезбеди да не може да се промени целиот состав во ист момент.

-Што се однесува до одредбите за јавниот радиодифузен сервис, извештајот спомна дека би било добро да се овозможи поголемо учество на граѓанското општество во процесот на именување и избор на Советот. Не се направени промени во тој правец; вклучени се само општи одредби за почитување на различностите во составот на Одборот (Советот) и на Агенцијата, се вели во коментарите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.