Легализација на канабисот, но со строга законска процедура. Ова е ставот на обвинителката Ленче Ристоска која беше една од петте панелисти на трибината „Легализација на канабис, да или не“ што се одржа во организација на Здружението за канабис и зелени политики „Билка“ и Здружението на млади кривичари.
Ристоска истакна дека канабисот се смета за опојна дрога од прва категорија и е строго забранет, но нагласи а дека таа е за негова легализација, во строга законска процедура.
„Државата би требало да го декриминализира канабисот, но треба сто пати повеќе од сега да врши контрола на опојните дроги“, изјави Ристоска.
Таа потенцираше дека не е јасно зошто канабисот е дозволен само за медицински цели, а не и за лична употреба. Ристоска рече дека не е познато и дали употребата на канабис генерира криминалитет.
Според , Владимир Туфегџиќ, употребата на канабис е лична одлука на секој поединец и потсети дека во минатото и тутунот се сметал за дрога, а денес е достапен на сите.
„Користењето на канабис до 15 грама во приватни цели не е казниво, доколку се користи јавно се казнува со 225 евра. Доколку едно лице до четири пати се обиде да користи канабис на јавно место се опоменува и казнува парично, а дури ако биде фатено по петти пат дури тогаш станува збор за кривично дело“, рече Туфегџиќ.
На трибината „Легализација на канабис, да или не“ која се оддржа на Правниот факултет, покрај обвинителката Ленче Ристоска и судијата Владимир Туфегџиќ, учествуваа и професорите Александра Деаноска, Драгана Кипријановска и Никола Тупанчевски, како и адвокатот Јанаки Митровски.

