Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Очај во Грција по поплавите

0
By Нова ТВ on November 18, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грците и натаму се во очај и неверување по поплавите во кои загинаа најмалку 15 лица и оставија стотици семејства без домови. Многумина го обвинуваат системот кој, како што велат, дозволил да се градат куќи на исушени речни корита. 

Репортажа на Радио Слободна Европа.

Во градовите Неа Перамос и Мандра, западно од Атина, натрупани автомобили и парчиња мебел лежат на патиштата и во внатрешноста на домовите, извалкани во густата кал, по беснеењето на водата.

Жителите плачејќи изразуваат лутина додека спасуваа дел од покуќнината и ја чистеа калта од нивните домови. Грчки официјални претставници изјавија дека ќе чекаат да се подобрат временските прилики за да почнат да ја утврдуваат штетата.

Најмалку четворица сè уште се водат за исчезнати. Повеќето од жртвите биле постари лица.

Во Грција знамињата се спуштени на половина копје поради тридневната жалост што ја прогласи владата по поплавите. Експертите сметаат дека до катастрофата нема да дошло ако се почитуваа градежните стандарди.

Двата града биле изградени по должината на еден стар автопат кој ја поврзувал Атина со градот Коринт на Пелопонез.

Изградбата на куќи се поблиску до автопатот, придонесе за блокирање на некои потоци и речни текови.

Локалните жители се разочарани и огорчени. Еден од нив Јанис вели:

„Најголемо количество вода дојде од планината. На планината имаше многу дожд и тука ги претрпевме резултатите од дождот“, вели тој.

Николаос Статос, пак, додава:

„Тоа е целосно уништување. Пред пред две години се случи нешто слично. Тие дојдоа, направија извештаи, но немаше резултати, а ние не добивме ништо, немаше никаква помош. Што можеш да кажеш? Што можеш да направиш? Бог нека ни е напомош“, вели тој.

Со исто чувство на горчина е и Марија Криада која вели:

„Срцево се уште ме боли, излеговме токму навреме. Ме загрижува индиферентноста – немаше никој до нас да ни каже бидете храбри“, вели таа додавајќи:

„Сега тие доаѓаат, во нивните костуми, поминуваат во костуми за да ја видат оваа „прекрасна глетка“, вели таа.

Од истражувачкиот центар за Атмосферска физика и климатологија во Атина велат дека ваквите поплави се последица од климатските промени.

„Се разбира дека државата не беше подготвена, но не можеме да се натпреваруваме со природата“, вели раководителот на Центарот Христос Зеферос, додавајќи:

„Треба да бидеме подготвени на почести вакви појави“, вели тој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.