НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Очекувања и можности

0
By Нова ТВ on May 30, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Беса Арифи, Вонреден професор во Универзитетот на Југо-Источна Европа

Во време на општа политичка, правна и морална криза, нормално е очекувањата на граѓаните од новата влада во формирање да бидат многу високи и перфексионистички. Меѓутоа, понекогаш се заборава дека има разлика меѓу тоа што е очекувано и тоа што е можно. Се заборава, на пример, дека новата влада која се формира е нетипична во однос на многу субјекти кои треба истовремено да бидат застапени во истата, а сепак да се зачува единството и интегритетот.

Се заборава дека многумина чекаат ова влада да не успее, и таквите ги има и во опозиција а и во новата предложена влада. Се заборава дека ова е да се биде или не за земјата, и дека после 11 години под една потполно авторитарна власт, едвај стокмивме сили како општество да се ставиме на страна на промените. Се заборава колку е шаренолико тоа мнозинство од 700.000 граѓани кои гласаа за промени, а колку се мали можностите сите да бидат еднакво застапени.

Се заборава дека до сега немавме држава, немавме право, немавме демократија и дека ќе треба огромна работа за повторно да ги добиеме овие нешта.

Најмногу од се, се заборава дека сите политички субјекти кои треба да ја извлечат земјава од криза и да ја стават повторно во правни аршини, не се истоветно посветени кон реформите кои треба да се случат. Некои од овие субјекти кои треба да бидат дел од новата влада, јасно покажуваат дека од ептен голем зор се во истата а не дека навистина сакаат да реформираат нешто.

Тоа се гледа на пример во кадровскиот избор на ДУИ за ресорите во новата влада. За да се биде дел од реформите, треба да се покаже волја и за авто-реформа. Тоа за сега не го гледаме кај ДУИ, бидејќи тие одлучија да се вратат во минатото а не да гледаат во иднина, ниту пак да се залагаат за вистински и квалитативни реформи кои ни престојат и кои бараат работа, многу работа и посветеност.

Додека некои пропуштија шанса да се само-реформираат и да докажат дека ја научиле лекцијата дадена од гласачите на 11 декември, некои други пропуштија воопшто да бидат дел од реформите на кои толку многу се осврнуваа за време на нивната предизборна кампања. Така БЕСА одлучи да не биде дел од реформската влада и да почека подобри времиња за реформи.

Наместо да се залага за истите одлучи да калкулира за наредниот изборен резултат. А всушност тоа што го изгуби е можноста да се појави со сосема нова сторија во следните избори – сега ќе треба да се држи до стара сторија во новите избори кои се ближат.

Од албанските политички субјекти засега изгледа дека само реформираното ДПА ја сфатила лекцијата на гласачите и избрала искусен кадар кој личи дека навистина ќе биде посветен на новата работа.

И додека сите се разочаруваат за големиот број на министри без ресор, мислам дека е време да се освестиме дека за прв пат ќе имаме жена и искусен политичар за министер за одбрана. Јас не се сеќавам тоа да се случило порано во оваа држава која во однос на претставувањето на жените во извршната власт, уште не стапнала во 2017 година туку заглавила некаде во минатите векови.

Исто така, не се сеќавам друг пат да се случило клучната функција на надворешната политика да му се довери на човек со долго искуство во дипломатијата а кој не е типичен претставник на главната партија на власт. А во однос на образованието, имавме заборавено кога на чело на овој ресор стоел универзитетски професор кој навистина разбира како образованието функционира. Со ставањето на кадри кои не се само добри професионалци, туку и инспиративни личности, како новиот предложен министер за финансии, јасно се става на знаење желбата за промена, и посветеноста кон тешката работа на едно општество кое треба да се оправа од 11 години диктаторска власт, спроведена од кадри кои многу често беа сосема некомпетентни а од тоа што видовме, и без никаков личен и професионален интегритет.

Така, во оваа време повеќе од бројот на министрите без ресор, или повеќе од само-уништувачкиот нагон на ДУИ и некои други мене ме интересира кога ќе почнат реформите кои се потешки од укинувањето на екстерното тестирање или укинувањето на плаќањето по учинок кај лекарите. Ме интересира кога ќе се укине Законот за одмерување на казните, кој иако е донесен и се спроведува, сепак во реалноста луѓето на различно се казнуваат во однос на тоа во кои протести учествувале, дали на тие за Заедничка Македонија, на тие за Монструм или на тие од Шарената револуција. Ме интересира кога нашето судство ќе започне да личи на судство а не на здружение на заробеници.

Ме интересира кога Јавното обвинителство ќе почне да го гони криминалот наместо истиот да го заштити. Ме интересира кога државните институции ќе започнат да работат за граѓаните а не за партијата на власт. Ме интересира кога ќе го обелиме образот пред меѓународната јавност и ќе докажеме дека можеме да бидеме држава а не рај за злосторници.

Ме интересира кога вистински ќе почнеме да живееме и да имаме надеж дека можеби нашите деца ќе одлучат да живеат во ова држава.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.