Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Очите на Европа вперени кон Србија – Отворен „Европрајд“ во Белград

0
By Sashko on September 12, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Паневропската манифестација „Европрајд 2022“  почна денеска во Белград со кревање на знамето пред Палатата Србија. На меѓународната конференција за човекови права, покрај големиот број странски гости, дипломати, претставници на странски влади, ќе бидат организирани и голем број на изложби, активистички, едукативни, културни и забавни настани. Според најавите на организаторите, „Неделата на гордоста“ во Белград треба да заврши во сабота, на 17 септември со прошетка на учесниците, јави дописникот на МИА од Белград.

Белградскиот „Европрајд“, исто така, ќе биде историски, бидејќи е прв што се одржува во регионот на Западен Балкан и воопшто во овој дел од Европа.

Координаторот на „Европрајд“, Горан Милетиќ, рече дека не очекува МВР да ја забрани планираната прошетка, бидејќи за тоа нема законски услови и нема закани по безбедноста, здравјето и моралот. Тој наведе дека одлуката за забрана би била незаконска и противуставна.

Според претходните најави, МВР за ова би требало да донесе одлука до утре во 16 часот, а како што изјави Милетиќ за „Еуроњуз Србија“, доколку има забрана, тие сигурно ќе пешачат, бидејќи организаторите не можат да им кажат на луѓето „не можете“.

„И да кажам „немојте“, тие ќе излезат и тоа ќе биде протест“, рече Милетиќ, наведувајќи дека тогаш би се забранил форматот, односно нема да се шета како секоја година, туку тоа ќе се стане протест.

Кристин Гарина, претседателка на Европската асоцијација на организатори на гордоста, го честиташе отворањето на настанот и рече дека тоа е најважниот Прајд во историјата од 30 години. Таа им порача на активистите дека отпорот на кој наишле во општеството само покажува колку е важен Европрајд во Белград и Србија и дека не треба да ги потценуваат стотиците илјади луѓе во Европа кои се со нив.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025

„Правда за жртвите” – масовен протест во Атина за железничката несреќа кај Темпи

September 6, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025

„Правда за жртвите” – масовен протест во Атина за железничката несреќа кај Темпи

September 6, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.