Наредните Олимписки игри , ќе бидат збогатени со неколку дополнителни дисциплини од областа на танцот. Станува збор за брејкденсот и играњето на шипка. Дефинитивно со ова челните луѓе на Олимписките игри, сакаат да ги привлечат младите луѓе кон спортот и кон оваа глобална спортска манифестација. Колку за пример оваа година за прв пат на Олимписките игри ќе се игра 3х3 баскет додека на Олимписките игри во Париз 2024 година премиера ќе доживее брејкденсот.
Но тоа не е се. Танцот околу шипка исто така наскоро може да стане олимписка дисциплина. Тоа е основната мисија на луѓето кои танцувањето околу шипка го доведоа до момент, да е долгорочно и изводливо размислување на челните луѓе на ОИ.