Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од чија игра фудбалската федерација на Македонија?

0
By Борјан Јовановски on March 15, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ФФМ не истапи јавно да ја поддржи изјавата на Ибраими кој се пожали на навредите што до него стигаат од трибините. Навивачите се заложници на дневни интереси на различните политички центри на моќ, а ФФМ е само еден од инструментите преку кои тие центри си ги остваруваат таквите интереси

На почетокот на февруари до јавноста стигна една многу благодарна порака, но и предупредување дека работите нема да бидат добри ако не знаеме да се почитуваме. Пораката заеднички до сите нас ја упатија македонските фудбалери Ибраими и Демири. Двајцата ја потпишаа оваа изјава делејќи иста мака. Често се навредувани од трибините и покрај нивните залагања во дресот на националниот фудбалски тим.

„Ги слушам навредите и секако дека не се пријатни. Тоа на натпреварите не може да ни донесе ништо добро, поради тоа што сите ние играме за Македонија. Не треба да се делиме по етничка основа. Добро е што внатре во репрезентацијата владее одлична атмосфера. Таквите скандирања, сепак, нема да ме поколебаат во дресот на репрезентацијата да се однесувам максимално професионално“, изјави Ибраими за Лајм.

Во неговата изјава има неколку пораки и секоја од нив прецизна, јасна и со ладна глава. Прво, срамен е речникот кој се користи и паролите кои се употребуваат против една цела етничка заедница. Второе пораката дека не смее и не треба да има поделби по етничка основа. И трето, дека и покрај навредите во тимот владее одлична атмосфера.

Ибраими пораката ја соопштува јавно, но моја претпоставка е, имајќи ги во предвид сите нејзини значења, дека таа има многу прецизна адреса на која треба да биде примена.

Не ми требаше многу да сфатам која е адресата на аберот, иако врска немам од фудбал како и од други спортови. Дента по објавувањето на изјавата се обратив до Фудбалската федерација на Македонија. Преку колегите од спортските редакции го добив мобилниот на генералниот секретар на федерацијата Димитар Зисовски. Му се обратив со молба да се појави во јавноста и да каже што има во врска со изјавата на Ибраими. Ми одговори дека тој, како и целото раководство на ФФМ, целосно го поддржуваат Ибраими и неговиот став.

Добро, реков, супер ајде кажете го тоа јавно и проширете ја неговата порака кон навивачките групи врз кои би требало да имате контрола и авторитет. Ми рече да почекам ден два, во тек била подготовка на кампања чија цел е токму да го спречи говорот на омраза од навивачките трибини, а потоа ќе настапел во контекст на промоција на кампањата. Јас НОВА ја ставив на располагање за кампања со благородна цел. Реков ајде..повелете. Се изненадив..пријатно се разбира.

Си викам..машала ФФМ мрда од место. Поминаа ден, два, па и три и четири…Пак му се јавив на генсеков. Вика, да дојдеш кај мене. Ајде викам, нема проблем, ќе дојдам. Ми заврте муабет ова она. Му викам, навивачи ко навивачи, никаде во светот не се тие академици, ама има институции кои ги држат под контрола. Водат грижа за културата на однесувањето, казнуваат, укажуваат, едуцираат…Му го давам примерот на Англија.

Кога решија да стават крај на навивачкото лудило. Од крајот на 80′ по оној срамен и трагичен инцидент на бриселски Хејсел се помалку се слуша за англиските хулигани. Да, да, ми вика генсеков значајно..исто и ние така….Е, добро де, ајде излези кажи се што правите на таа тема јавно..Аха важи..се слушаме, деновиве ми вика. Доброоо. Мене веќе ми беше јасно, ама ај си викам ќе ја терам до крај.

Поминаа уште десет дена од таа наша средба во кои јас три пати му се обратив телефонски на генсекот кој љубезно одговараше одлагајќи го интервјуто кое навдоно имаше намера  да го направиме. Четвртиот пат бев директен и го замолив  да биде исто толку љубезен како и дотогаш и да ми каже дали го правиме интервјуто или не бидејќи и тој ми го троши времето мене, а и јас нему со сите телефонски повици. Конечно беше искрен и рече ..е па да..не можам.

И така не дојдов до неговите одговори на прашањата кои сакав да му ги поставам, но сепак дојдов до едно сознание. ФФМ ниту се ангажира ниту пак има намера да се ангажира сериозно да си ги собере навивачите. Во меѓувреме нема ништо од било каква кампања за подобрување на културата на навивачите во однос на говорот на омразата што тој самиот ми ја најави пред еден месец. Она што видов дека се случува е доста сомнителниот ангажман на  ФФМ, во однос на случувањата во ФК Шкендија. Не би сакал да прејудицрам дали Шкендија со нова регистрација ќе ја вратат во некоја четврта лига, а со тоа Шверцерите во првите борбени редови!

Сепак, нешто ме наведува да кажам дека она што го прават во врска со овој конкретен проблем има секакви позадини, ама најмалку фудбалски и спортски. Конечно, до истиот заклучок дојдов и во врска со инцидентите во и меѓу навивачките групи или делови од тие групи, како и нивниот однос кон играчите како Ибраими. Тие се заложници на дневно политичките највулгарни лукративни интереси на различните полтички центри на моќ, а ФФМ е само еден од инструментите преку кои тие центри си ги остваруваат таквите интереси.

Ако не сум во право би сакал да добијам еден логичен одговор зошто ФФМ како институција не истапи јавно да го каже она што Ибраими го соопшти. Изјавата на Ибраими беше работа на ФФМ. Или, кога веќе немаше храброст за тоа по оние скандалозни навивачки пароли зошто тогаш не истапи јавно за да го поддржи Ибраими.

Еве нека тој медуим на кој ФФМ ќе кажеше нешто не биде НОВА, нека беше друг, ама не е бидејќи некој сметал дека треба да се молчи пред напливот на хулиганството. Како и да е, Ибраими кажа што имаше и уште еднаш ги изложи ФФМ и другите институции во државата пред предизвик на кој, се разбира немаат одговор. Единствениот предизвикот за нив е да се опстане во комфорот на машата на нечија рака со која се прета во жарта за да се разгори огнот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.