Апликацијата „Truth Social“, која ја лансираше поранешниот американски претседател Доналд Трамп, од денес би можела да се најде во продавницата на Apple.
Лансирањето на апликацијата ќе го врати присуството на Трамп на социјалните мрежи, кому повеќе од една година му е забранет пристапот на Твитер, Фејсбук и Јутјуб, оценува британската агенција.
На Трамп му беше забранет пристапот до најпопуларните социјални мрежи по упадот на неговите поддржувачи во американскиот Капитол во Вашингтон на 6 јануари 2021 година.
На 15 февруари, најстариот син на Трамп објави видео на Твитер на кое пишува: „Подгответе се! Вашиот омилен претседател се враќа наскоро!
Зад платформата стои Trump Media and Technology Group (TMTG).