Од полноќ, граѓаните на Македонија можат да патуваат во Косово и Србија без потреба од негативен ПЦР тест. Министерството за здравство на Косово за Алсат потврди дека според принципот на реципроцитет, патувањето за Косово ќе биде безусловно, додека истата мерка не се однесува на земјите со висок ризик.
Вицепремиерот Артан Груби истакна дека владите на Косово и на Србија веќе изразија подготвеност да ги укинат бариерите поставени на границите заради пандемијата со ковид 19.
„Нашите граѓани ќе можат да патуваат во соседните земји, без потреба од ПЦР тест. Како што знаете, со Албанија можеме да ја преминеме границата и граѓаните на Албанија можат да дојдат кај нас без да покажат тест и се надевам дека ова ќе започне со Косово и Србија утре, бидејќи владите на тие земји беа позитивни за отворање на границите”-изјави Артан Груби- вицепремиер.