Црн чад излезе од оџакот на од Систинската капела, што значи дека нов папа не е избран ниту во вториот круг од гласањето на конклавата на кардиналите, јави Еуроњуз.
Првото гласање се одржа синоќа, а кога ќе се избере новиот поглавар од оџакот на Сикстинската капела ќе се појави бел чад.
Конклавата за избор на 267-миот поглавар на Римокатоличката црква започна вчера попладне, а во изборот учествуваат 133 кардинали.
Претходните два конклава, во 2005 и 2013 година, траеја само по два дена.