Српски и косовски медиуми пишуваат дека на 42 годишна возраст во борбите во Курск загинал и Братислав Живковиќ кој беше водач на српските сили кои во Украина војуваат на страната на Русија.
Како дел од екстремно десничарската организација Unite Continentale, Живковиќ бил на чело на српските паравоени сили кои се бореле заедно со проруските сепаратисти во украинските провинции Доњецк и Луганск и во 2014 и 2015 година.
На Живковиќ му беше забранет и влез во повеќето земји членки на НАТО.