Почнувајќи од утре учениците во основните училишта нема да носат заштитни маски.
Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести донесена пред две недели. Сепак, останува одлука на секој родител поединечно да реши дали неговото дете ќе носи заштитна маска додека следи настава.
Главниот координативен кризен штаб за справување со коронавирусот на крајот од минатата недела ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за носење маски во основните училишта, како и препорака за физичко присуство на наставата на факултетите.
Тие прифатија и укинување на сертификатите на терасите од кафулињата, што значи дека од утре на невакцинираните лица нема да им се бара сертификат на отворено.