Градот Одеса на југот на Украина денеска го потресоа серија експлозии, изјави портпаролот на регионалната администрација.
Портпаролот изјавил дека не може да даде повеќе детали за експлозиите, кои се слушнале откако се огласиле сирените за воздушниот напад, пренесува Ројтерс.
Русија: Нападот на гасните платформи може да ја оштети Одеса
Нападот на Украина на гасните платформи на Црното Море можеше да предизвика голема катастрофа и да предизвика штета на Одеса, изјави денеска руската сенаторка Олга Ковитиди.
„Украинските сили премногу добро знаат дека полето е само 71 километар надвор од Одеса“, изјави сенаторот Ковитиди од Крим, пренесува ТАСС.