Членовите на Државната изборна комисија тукушто ја напуштија зградата на ДИК без образложение што се разговараше сите овие часови додека новинарските екипи на неколку пати беа враќани од седницата која обеше предвидена за во 18.30 часот.
Советничката во ДИК, Љупка Гугучевска рече дека на Комисијата и било потребно дополнително време да го разледа извештајот од анализата од вкрстените податоци.
Новинарите не добија одговори на ниту едно прашање, а не се знае кога ќе се одржи седницата која треба да биде отворена за јавноста.