Еврокомесарот за економија Паоло Џентилони денеска во интервју за ТВ „Раи њуз 24“ потврди дека одлуката за шестиот пакет на санкции на Европската Унија (ЕУ) против Русија е блокирана.
„Многу брзо и едногласно усвоивме пет пакети на санкции, но одлуката за шестиот пакет сè уште е блокирана од познати причини“, изјави еврокомесарот за економија.
Агенцијата ТАСС пренесува дека Џентилони, сепак, истакнал оти е оптимист за изгледите за изнаоѓање компромис за ова прашање.