Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Односите меѓу Северна Македонија и Србија со тенденција  на нагорна линија во сите области-Османи и Селаковиќ од прес конференцијата во Скопје

0
By Mirjana on February 25, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Република Северна Македонија и Република Србија  имаат пријателски и партнерски односи со тенденција на зацврстување на соработката и јакнење на довербата,  изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на заедничката прес конференција со министерот за надворешни работи на Република Србија Никола Селаковиќ , кој е во возвратна официјална посета на земјава.

И двајцата министри информираа дека воделе отворен и конструктивен разговор со цел да се проверат областите во кои си задале задача да ја унапредат соработката при ланската посета на Османи на Белград, колку од договореното е реализирано. И Османи и Селаковиќ видно задоволни ги презентираа резултатите од економската соработка. Османи рече дека по Германија и Велика Британија, Србија е наш трет економски партнер со трговска размена која минатата година достигнала над милијарда евра. Селаковиќ, износот од  1 милијарда и 150 милиони евра, го нарече историски но нагласи дека минатата година увозот на стоки од Македонија во Србија бил зголемен за 40 проценти, а дека севкупно економската соработка дошла до нивото од пред пандемијата. Очекувањата се со заживувањето на Отворен Балкан овие параметри да се зголемат.

„ Иницијативата Отворен Балкан е шанса на тој начин да се зголеми економската размена. Нашата иницијатива е инклузивна и сакаме во таа рамка да го видиме целиот Западен Балкан и кога ќе бидеме во прилика да видиме да дава  резултати очекувам да ни се придружат и сите“, изјави Селаковиќ.

Двајцата министри воспоставија основа за развој на културната соработка со денеска потпишаната Спогодба за основање на културно-информативни центри во Скопје и Белград.

Османи истакна дека го охрабрил Селаковиќ за дијалогот Белград – Приштина што се води со посредство на ЕУ во врска со што Селаковиќ рече:

„Говоревме и за важните регионални прашања, за дијалогот помеѓу Белград и Приштина, го изнесовме тоа што се наши ставови. Посветени сме на дијалогот, како единствено прифатливо решение за кое било политичко прашање што постои. Нашата посветеност на дијалогот нема да се доведува во прашање“ изјави српскиот министер.

Селаковиќ во контекст на нашите ЕУ-интеграции понуди помош и  ја реафирмира српската позиција  за неодложен почеток на преговорите со ЕУ. 

Селаковиќ во Скопје ќе има одвоени разговори со претседателот Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието Талат Џафери како и со премиерот Димитар Ковачевски.

(М.Т.) 

 

 

ОСМАНИ СЕЛАКОВИЌ ПРЕС
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.