Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Претседателот Владимир Путин е подготвен да испрати делегација во Белорусија на разговори со официјални претставници на Украина, јавува Њујорк Тајмс.
Во кусата вест весникот додава „дали таквиот предлог е остварлив или направен со добра волја не беше веднаш јасно“ , пренесува Њујорк Тајмс.
Претходно Песков ги соопшти условите за прекин на воената интервенција а тоа се „гаранции за неутрален статус“ и „ветување дека нема да има оружје на украинска територија“.
Наведувајќи ги , Песков рече, тоа се условите, кои ќе овозможат постигнување на „демилитаризација и денацификација на Украина“.
(М.Т.)