НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Октомври – месец на атентати

0
By Борјан Јовановски on October 18, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 3 октомври 1995 година се случи обидот за атентат врз тогашниот претседател Киро Глигоров. Овој брутален акт за дестабилизација на Македонија се случи само ден по средбата на Глигоров со балканскиот крвник Слободан Милошевиќ. Сторителите на овој чин никогаш не се открија благодарејќи на јатаците во Скопје ( ги имаше многу). Но она што е познато е мотивот  за тој обид за убиство на Македонија. Имено добро е познато дека тогашниот државен врв таа иста година одлучи да се оттргне засекогаш од крвавата прегратка на Милошевиќ и да ја започне евроатлантската интеграција на Македонија. Се имаше храброст да се прифати привремената референца во ООН која пак ги отвори вратите кон ЕУ и НАТО. Политичкиот врв на чело со Глигоров одлучи Македонија да и се приклучи на програмата Партнерство за мир која НАТО ја дизајнираше како предворје за земјите од источна Европа за целосна интеграција во Алијансата. На 2 октомври Глигоров замина во Белград лично да го извести Милошевиќ дека претходните аранжмани за стенд бај договорени со цел ЈНА мирно да ја напушти Македонија повеќе не можат да опстојат бидејќи крвта која ја проли Милошевиќ ги закопа сите шанси за вториот дел од прашањето на македонскиот референдум “ со можност да се приклучи…” . Македонија конечно доби можност да го започне патот кон реализација на стратешките интереси за интегрирање во ЕУ и НАТО согласно едногласно усвоената  Декларацијата на Собранието донесена на 23 декември 1993. Потпишувањето на Партнерството за мир беше закажано за 15 ноември 1995. Во обид да ја спречи решителноста на македонската политичка елита на Милошевиќ единствено што му остана беше да упати смртоносен куршум кон Македонија. Неговиот план за некое чудо не успеа и покрај перфектната организација на ова убиство. Глигоров се спаси, а со него и Македонија и нејзините стратешки аспирации. На 15 ноември беше потпишано Партнерството за мир, а во декември се воспоставија дипломатски односи со ЕК со што се направија и првите чекори на долгиот пат кон Брисел. Одлуката на Глигоров беше тешка за да се прифати ступидната референца ФИРОМ, но само и само таа спаси илјадници млади животи кои беа испланирани како глинени гулаби во крвавата стратегија на Слободан Милошевиќ.

И еве не повторно во октомври после 23 години патување кон Брисел конечно ја имаме шансата да го оствариме она што е желба на сите граѓани од Македонија без разлика на нивната етничка или верска припадност. Интеграцијата во ЕУ и НАТО е единствената кохезивна сила која може да ја одржи Македонија ваква каква што ја познаваме и затоа токму интеграцијата во ЕУ и НАТО е секогаш главна цел на атентаторите на македонската кауза. Денес започнавме преговори за членство во НАТО кои треба да бидат завршени до 2019 година кога во дворот на седиштето на Алијансата ќе се постави 30 знаме -нашето, со што дефинитивно ќе го реализираме сонот на многу генерации и ќе ги затвориме сите дилеми околу иднината на Македонија во овој регион на се уште недодефинирани граници.

Утре е денот Д кога Собранието има шанса да го оствари она што самото си го зацрта како цел во 1993 година со консензус. Како и во 1995 година цевката на снајперот е повторно вперена кон убивање на евроатланските аспирации на Македонија и повторно чекаме чудо да ни ја спаси иднината од нови крвави стратегии за прекројување на границите на Балканот.

Никој во Македонија не е среќен со фактот што ја прифаќаме придавката северна исто како ни тогаш кога го прифативме ФИРОМ, но една мала нација како нашата треба да е среќна што барем има можност да ја запечати својата државност. Изборот и штитот од куршумот што лета кон нас е во рацете на народните избраници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025
ФОКУС

Фајненшел Тајмс: Бостонска консултантска фирма направила нацрт-план за преселување на 25 отсто од Палестинците во Сомалија

ВЕСТИ August 8, 2025

Глобалната консултантска фирма од САД, Бостон Консалтин Груп, разгледува планови за преселување на околу 25%…

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

August 8, 2025

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

August 8, 2025

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

August 7, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.