НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Олена Зеленска: Упорната прва дама на Украина, архитектка, писателка на комедии и ѕвезда на насловната страница на Вог

0
By Mirjana on February 28, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Нема да имам паника и солзи“, напиша мајката на две деца на Инстаграм неколку часа по првите напади. „Ќе бидам мирна и самоуверена. Моите деца ме гледаат. Јас ќе бидам до нив. И покрај мојот сопруг. И со вас“. Така напиша Олена Зеленска, сопруга на украинскиот претседател Володимир Зеленски, и мајка на нивните две деца.

Додека нејзиниот сопруг Зеленски (44) долго време се обидуваше да ја освои јавноста како актер и комичар, Олена помина децении надвор од центарот на вниманието,поддржувајќи го својот сопруг зад сцената.

Кога нејзиниот сопруг првпат и кажа за неговите планови да ја напушти кариерата за да се кандидира за претседател, таа јавно кажа дека е „агресивно против“ на „проектот“.

А сепак, кога дојде време за кампања, Олена совесно се појави покрај него за фотографирање и предизборни говори. Сега, помалку од три години по победата на Зеленски, таа целосно ја прифати својата улога на прва дама на глобалната сцена.

Олена го придружува нејзиниот сопруг при неговите ангажмани и ја гради сопствената кариера како прва дама, користејќи го своето влијание и позиција за да ги брани каузите, вклучително и исхраната на децата и родовата еднаквост.

Со своето позирање стана ѕвезда на насловната страница на Vogue, при што доби пофалби за нејзината гардероба и одлуката да го вее знамето на украинската мода.

И покрај нејзината висока популарност, малку се знае за почетокот на животот на Олена.

Таа е родена во мај 1978 година од мајка Олха Кјашко, во Криви Рих, регион на руски јазик кој тогаш бил дел од Украинската Советска Социјалистичка Република.

Володимир е роден во истата година и во истиот град, но, и покрај тоа што посетувал исто училиште и имале заеднички пријатели, не ја запознал својата идна сопруга додека не се сретнале како студенти на Националниот универзитет Криви Рих.

Олена студирала архитектура на Градежниот факултет, додека Володимир студирал право.

Атрактивната Олена, со високи јагодици и гламурозна русокоса, се забавувала со друг маж кога за прв пат била запознаена со Володимир во 1995 година.

Романсата процветала меѓу Володимир и Олена, а во 2003 година, по осум години врска, парот се венчал.

Олена остана во голема мера подалеку од центарот на вниманието, бегајќи од црвениот тепих и настапите во медиумите.

Таа ја роди нивната ќерка Олександра во јули 2004 година, а нивниот син Кирило во јануари 2013 година.

во 2018 година, Зеленски ја објави својата кандидатура за претседател и доби огромна поддршка. Одлуката ја фрли во арената на јавноста срамежливата Олена.

„Искрено кажано, јас силно се спротивставив на почетокот на овој проект“, изјави таа за локална телевизија. „Затоа што ова е многу тежок потег; тоа не е ни проект, тоа е друга насока во животот“.

Таа објасни дека нејзиниот сопруг првично се консултирал со членовите на неговиот близок круг за да ја „заштити“ од деталите на неговиот политички живот.

Олена сепак со страст и посветеност се фрли на извршување на улогата прва дама. Таа ја објави својата прва иницијатива на насловната страница на Вог Украина, само два месеци откако нејзиниот сопруг дојде на власт: ремонт на училишните оброци.

Беше успешна и во воведувањето законодавство за подобрување на квалитетот на исхраната и разновидноста на храната, истакнувајќи дека правилната исхрана е клучна за развојот, здравјето и целокупната благосостојба на детето.

Други проекти вклучуваат воведување украински аудио водичи во водечките музеи ширум светот за подобрување на профилот на јазикот и кампања за поголема пристапност за граѓаните со посебни потреби.

Друг камен-темелник на работата на Олена се правата на жените. Таа го иницираше пристапувањето на Украина во меѓународната иницијатива на Г7 за родова еднаквост, и го промовираше Украинскиот женски конгрес, платформа која работи на еднакви права.

Сега Олена повторно се справува со ситуацијата и е цврста поддршка на нејзиниот сопруг наспроти агресијата на Путин. И покрај тоа што се лично изложени на ризик, парот избра да остане во Киев.

Споделувајќи фотографија од украинското знаме на Инстаграм во петокот, таа напиша: „Драги мои луѓе! Украинци! Ве гледам сите денес. Сите што ги гледам на телевизија, на улица, на Интернет. Ги гледам вашите постови и видеа. И знаете што? Вие сте неверојатни!

Во друг пост таа напиша: „Горда сум што живеам со вас во иста земја! Се вели дека многу луѓе се толпа. Но тоа не се однесува на нас. Затоа што многу Украинци не се толпа. Ова е армија!“

„И денес нема да имам паника и солзи. Ќе бидам мирна и самоуверена. Моите деца ме гледаат. Јас ќе бидам до нив. И покрај мојот сопруг. И со вас. Ве сакам! Ја сакам Украина!“, напиша убавата Олена.

(извадок од написот во Дејли Мејл „ Упорната прва дама на Украина: Дипломирана архитектка, писателка на комедии и ѕвезда на насловната страница на Вог Олена Зеленска (44),  која на почетокот се спротивстави на политичката кариера на нејзиниот сопруг, а сега вети дека нема да ’паничи или плаче’ додека стои покрај него“.

 

Олена Зеленска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.