Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Опсегот и границите на руското влијание

0
By Нова ТВ on October 25, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува ДИМИТАР БЕЧЕВ

Играјќи ги своите игри насекаде, Русија е повеќе опортунист отколку мајстор на играта. Југоисточна Европа  претставува добра студија на случај за тоа.

Руското влијание на Балканот е присутно и лесно за набљудување. Пред и после кризата во Украина го напаѓа овој регион  на повеќе начини. Порастот на воената моќ на Москва може да доведе до големи последици за сигурноста на позицирањето на НАТО и земјите членки кои се граничат со Црно Море. Руската нафта, компаниите за гас, Газпром, Газпром Нефт и Лукоил се уште играат клучна улога на локалните пазари за енергија и покрај препреките со кои се соочуваат, вклучувајќи ја тука и постојано надоградуваната легислатива на ЕУ насочена кон стимулирање конкруенција и разноликост кај добавувачите. Култот за Владимир Путин и славењето на враќање на Русија на светската сцена редовно ги полни светските наслови.

Охрабрена Русија не престанува да создава потешкотии вршејќи притисок врз Европа и Америка – двата гаранти за безбедност во регионот. Ривалството е интензивно и се протега низ земјите и политичките арени.

И покрај надежите за подобрување на односите, вклучувајќи тука и преговори со Русија на високо ниво кои повеќе наликуваат на пазарење од страна на политичарите од обете страни на Атлантикот, сепак на повидок нема знаци за крај на овој натпревар кој продолжува да трае.

Имајќи го на ум сево ова, важно е да се избегне плиткото размислување, да се согледа Рускиот предизвик во вистинско светло, како и неговите ограничувања, и да се признае она што тој всушност не е.

Прво, ова не претставува враќање кон Студената војна. Во Југоисточна Европа не постојат блокови или алијанси насочени едни против други што претставува јасно напуштање на недамнешното минато. За воља на вистината, Русија нема постојани сојузници или кохерентна идеологија за поддршка на извоз. Ниту пак е во позиција да создаде економска унија за интеграција, на пример со проширување на Евроазиската економска унија на Балканот со примање на нови членки како Србија, Република Српска, Македонија или било која држава од регионот. Дури и најдобрите пријатели на Москва од регионов имаат тенденција да гравитираат кон ЕУ во економска смисла и продолжуваат да градат добри врски со НАТО и САД. На сметка на тоа Русија постана мајстор за сплетки и создавање проблеми, не секогаш со цел да воспостави хегемонија. Се останато со поголеми амбиции би претаставувало многу скапо претпријатие, кое не би му се исплатело на Кремљ во смисол на повраток на инвестицијата.

Второ, иако одредени сличности постојат, сепак ние не сведочиме на „враќање во иднината“ сценарио – еден вид на враќање кон ерата на „Големата игра“ во геополитиката. Во 19-иот век и во раниот 20-ти Русија имала далеку поголемо влијание врз збиднувањата на Балканот отколку денеска, благодарение на честите воени интервенции и самата структура и дејствување на Виенскиот конгрес (ткн. Концертот на Европа). Но во ниеден момент Русија не претставувала важен економски фактор. За разлика од тогаш, денес руските претпријатија за енергија и разновидните финансиски инвестиции во регионот претставуваат доста поефикасно средство. Без разлика дали се работи за гасоводот Јужен ток или за санкциите против Турција во 2015 г., економијата ја има централната улога во односите на Русија со Југоисточна Европа. Она што е особено важно е пошироката слика: новонастанатиот степен на меѓузависност и пермеабилноста на границите во Европа после 1989 год. Згуснување на врските помеѓу општествата, финансиските институции, бизнисите, владините агенции, медиумите и сето тоа во чекор со интернетот (World Wide Web) и’ овозможиле на Русија да има влијание врз случувањата и се клучни во операцијата за нејзината мека моќ (soft power). Вистина е дека глобализацијата можеби и не е сосема современ феномен и секако дека постоеле слични претходници во 19-иот век. Да можат денес од некаде да се појават некогашните руски цареви Александар II или Николај I, дали воопшто би можеле да го препознаат денешниот свет во кој живееме?

На Балканот Русија не се бори за воспоставување на нов политички поредок или царство, без разлика дали е тоа формално или неформално. Нејзината цел е да ги поткопува и вознемирува постоечките институции и правила воспоставени од Западот. Истотака важно е да се нагласи дека Русија не е сама во ваквото делување. Секогаш имала соработници и попатни пријатели кои соработувале со Русија со цел да ги подобрат своите сопствени политички и економски интереси, постојано барајќи надворешна поддршка. Интересно е дека не многу одамна некои од соработниците и партнери на Русија се сметаа за про-западни, како на пр. Милорад Додик од република Српска, Турскиот претседател Тајип Ердоган, Никола Груевски во Македонија. Други го направија спотивниот потег, одбегнувајќи ја Русија и вртејќи се во целост кон Западот, каков што беше примерот со Мило Ѓукановиќ и Црна Гора. Руската политика можеби е опортунистичка, но факт е дека постојат многу политички опортунисти и на другата страна. Ова секако ја олеснува намерата на Москва за воспоставување влијание.

Рускиот отпечаток во Југоисточна Европа, кој драматично се рашири во 2000 и годините потоа, неодамна стана повидлив благодарејќи на конфронтирачкиот пресврт во односите меѓу Москва и Западот. Многу фактори придонесоа за тоа: настојувањето на режимот на Путин за внатрешен легитимет во услови на стагнирачка економија и намалување на јавната доверба во „системот’, желбата да се остварат руските интереси во растечкиот мултиполарен ноистовремено и несигурен свет, анти-интервенциското расположение во САД и хроничната нелагодност на ЕУ. Дали е тоа поради механизмите на политиките на моќ како што тврдат теоретичарите кои припагаат на толкувањето на надворешната политика наречено реализам, или поради превирањата на домашниот фактор, како што велат либералите, Русија е подготвена да ја предизвика Америка и нејзините сојузници. Таа сака да биде меѓународен поставувач на агендата (agenda-setter), а не исполнувач на истата. Стравувања од западни завери да се потпали „шарена револуција“ или случи Мајдан во рамки на Русија го обликуваат ставот на Путин и негоиот потесен круг во поглед на надворешната политика.

Секако, „блиското странство“ – или, ако се користиме со речникот на Брисел, државите од Источното партнерство – се точките каде Русија притисокот на Русија е најинтензивен. Но Москва се има вметнато себеси и на други региони и политички арени. Со воената интервенција во Сирија таа го остави својот траг и на Блискиот Исток. Дури и на територијата на САД, прашањето за сомнежите за руското мешање и кибер шпиунажа кои се појавија за време на тамошните претседателски избори во 2016г. Администрацијата на Обама можеби ја окарактеризира Русија како регионална сила во пад, но во реалност дострелот на Кремљ се протега доста надвор од пост-советска Евроазија. Пост-комунистичка источно-централна Европа, вклучувајќи ја тука и поранешна Југославија, е најочигледната цел. Како и Турција. Москва има начини да ја кооптира Анкара од причина што односите на главниот град на Турција со САД и ЕУ се влошени. Санкциите од Западот и драматичниот пад го постави Кремљ во незавидна позиција, но тој добро знае како да ја игра играта на влијанија и како да искористува слабости и можности низ повеќето периферии на Европа.

Сепак, не треба да се прифати фактот дека Кремљ ги влече сите конци во играта. Низ цела Европа политички и граѓански лидери, влади и бизнис интереси се повеќе од согласни соиграчи, прифаќајќи ја руската поддршка за постигнување на разноразни цели – балансирање со надворешните закани, максимизирање на исплатата и редистрибуција на штетите, оградување и барање на концесии од Западот, отстранување и надмудрување на домашните ривали и замолчување на критичката јавност. Овој вид на однесување не е типичен само за Југоисточна Европа, каде историските конекции со Русија играат важна улога, туку се среќава и на други делови од континентот како во Унгарија, Чешка, Италија, Австрија, па и во Германија. Каква и да е климата, секогаш ќе има играчи кои ќе сакаат да влијаат или да соработуваат со Русија.

Дали е ривалитет во прашање поради што Русија се става во позиција да ја поткопува ЕУ од внатре, почнувајќи од нејзините најранливи југоисточни држави? Најверојатно не. Како прво, и покрај верувањето Кремљ не изгледа дека поседува кохерентен модел кој може да го извезува вон границите на пост-советскиот простор. Ниту „менаџираната демократија“ и „суверената демократија“ од времето на првите два мандата на Путин, ниту скорашните  зголемени величења на конзервативната идеологија и религија, ниту славењето на Русија како единствена цивилизација наспроти глобалниот либерализам ќе ја  завршат работата, без разлика на фактот дека ваквите идеи наидуваат на многу поддржувачи во Европската Унија. Од Белград до Анкара, од Софија до Будимпешта, дисфункционални демократии, заробени држави и враќање кон авторитарни системи претставуваат во целост домашно произведени болести, а не резултат на завера од страна за злобни Московјани. Колку што „путинизацијата’ претставува закана, толку е и важно да обрнеме внимание на тоа кои се всушност вистинските путинизери. И уште поважно, Русија ниту поседува економски ресурси за скапи идеолошки крстоносни војни, ниту пак желба да ги збогатува пријателски настроените режими. Податоците од Балканот ја докажуваат оваа теза. Европската Унија можеби се наоѓа во незавидна состојба во моментов и се соочува со последици од егзистенционална криза, но се уште го поседува сјајот благодарејќи на својот пазар, значителните финансиски трансакции, и во помал степен, моќта на своите основачки наративи.

На крајот остануваме со ривалство помеѓу опортунист од една страна кој има јасни цели но му недостасуваат средства да ги оствари, и дезориентираниот Запад од друга, кој поседува средства и механизми но тешко му паѓа да се одлучи како правилно да ги искористи. Ова се однесува и на Европската Унија во која на земјите членки секогаш тешко им паѓало „едногласно да донесуваат одлуки“ за Русија, како и на САД, каде што вистинскиот баланс помеѓу воздржувањето и ангажманот продолжува да биде жешка тема на дебати.

Во меѓувреме Југоисточна Европа ќе продолжи да ги навигира мрачните води на овој нов натпревар. Во поголем дел државите од регионот ќе се припојат кон вагонот кој води кон Западот, но ќе ги ограничат своите вложувања и ќе остават отворени опции. Би било будалесто од Путин да стои понастрана и да не ги искористи. Но, како што вели поговорката, за танго се потребни двајца.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.