Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Општина Карпош: Задоволство ни е да донираме за Јакимовски

0
By Сашка Цветковска on June 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По објавениот напис на НОВА со наслов Вработени во општина Карпош – донатори за кампањата на Јакимовски “ каде што НОВА информира дека донатори на кампањата на градоначалникот Стевче Јакимовси се претежно вработените во општината со која тој раководи, група вработени до редакцијата на НОВА испрати, како што пишуваат тие „остар демант и реакција“ на пишувањата.

-Ние, како граѓани на Република Македонија, сакаме да упатиме остар демант и реакција на Вашите тендензиозни пишувања и алузии околу донирањето за кампањата на кандидатот на СНСМ Стевчо Јакимовски, пишуваат во дописот вработените раководители Петар Теов,Мире Десоски, Никола Николовски, Оливера Груевска и секретарот на општината Владо Поповски.

Вработените понатаму во текстот ни посочуваат дека според законите и уставот тие имаат слобода и право да донираат во било која кампања, а текстот на НОВА го наоѓаат за „тенденциозен и малициозен“. Исто така, не информираат дека им било големо задоволство да дадат пари за кампањата на нивниот шеф.

-Дури повеќе, нам ни претставува лично задоволство што дониравме за таков кандидат во кој цело време верувавме познавајќи ги неговоте менаџерски способности, и што конечно дониравме во победничката опција, што практично се докажа. Секое натамошно врзување на нашите индивидулни права и слободи со било кои други фактори и ситуации, сметаме дека е непрофесионално, некоректно и малку несериозно.

НОВА ја почитува нивната желба да издвојат средства од своите чиновнички плати за кандидатот во кој веруваат, и токму поради тоа направивме исклучок и го објавивме соопштението на вработените, иако согласно законите редакцијата нема обврска да објавува коментари на текстовите, туку само деманти. Со оглед на фактот што вработените не демантираат ништо од напишаното, напротив и го потврдуваат, овој допис не ја обврзува НОВА да го објави, а објавеното е резултат на нашата волја да им посочиме на вработените во општина Карпош дека ваквите коментари и кфалификации би можеле да се сфатат како притисок врз медиумите.

Исто така, НОВА не негира дека секому му е дозволено да донира средства во политичка кампања. Објавувањето на имињата на донаторите, кое впрочем веќе го стори и Државниот ревизор и Државната изборна комисија, има цел да укаже на зачестениот тренд кај дел од политичките партии како донатори во нивните кампањи да се јавуваат претежно лица кои работат во администрацијата.

Во интерес на јавноста, НОВА ќе продолжи да го истражува овој феномен својствен за многу малку демократски држави во светот без разлика за која партија станува збор, а истото го очекуваме и од институциите кои тоа го работат.

Со желба за понатамошна соработка на вработените во општина Карпош им ја пренесуваме дефиницијата на поимот „демант“.

ДЕМАНТ – Изјава со која се негира вистинитоста или се врши исправка на некоја вест или некое тврдење

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.