Член на украинската делегација, кој вчера присуствуваше на украинско-руските мировни преговори во Истанбул, вели дека е оптимист за скоро изнаоѓање на решение за ставање крај на воените дејствија во неговата земја.
Украина во Истанбул предложи план според кој на нејзина територија би немало странски воени бази и земјата повеќе нема да изразува желба за приклучување во воени сојузи како што е НАТО.
Преговарачот Михаил Подолјак денеска рече дека Украина ќе организира референдум за мировниот договор со Русија, штом руските трупи се повлечат од земјата.