Бранко Тричковски:Точката четири од програмата на типот кој најави дека прво ќе стане човек па потоа градоначалник, демек “Враќање на културниот идентитет на Скопје” значи дека “Скопје 2014” ќе биде темелно ревидиран, односно делумно демонтиран, делумно преобликуван, делумно функционално преформулиран. Особено што во програмата се најавени странски урбанистички и архитектонски експерти кои на културниот идентитет, што Орце ќе го враќа, ќе треба да му дадат европски шмек.
Не верувам дека постои странски експерт кој ќе може да прифати да расправа за враќање на културниот идентитет на градот без да се зафати со елиминација на некултурниот идентитет кој на градот му го даде груевистичката грозомора наречена “Скопје 2014”.
Како Орце ќе го образложи “Ослободувањето на Скопје “од вморинската глупантропска инвазија, пред лидерот и каузата на вмро, не се знае, но ќе мора да најде начин ако програма ја смета за сериозна и реална.
Јас предлагам да не ризикуваме со типот кој уште нема лиценца дека е човек, а сака да биде градоначалник.
Во последните 20 години вмро го водеше Скопје 15 години. Ниту една власт, во ниту еден главен град во светот, нема така темелно упропастено една метропола.
Според тоа, гласајте за кого сакате, но за човекот во најава, без елементарни гаранции дека ќе успее да стане човек-не!
Извор: Фејсбук