Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Орце Симов избран за нов претседател на ИКТ Комора

0
By Ivana on February 26, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Орце Симов е нов претседател на Комора за информатичко-комуникациска технологија и услуги при Сојузот на стопански комори на Македонија, кој беше избран на седница на Собрание на Комората.

Симов по професија е електро инженер, основач на компанијата „Компјунет инженеринг“ и редовен професор на Факултетот за Информатика на МСУ, каде и во два мандати беше декан, долгогодишен член на Управниот Одбор на Сојузот и член на Советот на иноватори при Националната асоцијација на иноватори на Македонија – НАИМ.

Симов истакна дека неговите активности како претседател на Комората ќе бидат насочени кон обезбедување на развој, унапредување и зголемување на ИКТ бизнисот во Македонија и заштита на интересите на деловните субјекти од овој сектор.

– Меѓу приоритетите во делување е создавање на услови ИКТ компаниите да развиваат сопствени производи и услуги со високо додадена вредност наместо да се ориентираат кон outsourcing услуги. Од особено значење е и развој на ИКТ технолошка зона за  македонските ИКТ компании која ќе биде на одбрана локација во урбаното градско подрачје на Скопје. Зголемување на извозот на ИКТ производи и услуги преку градење на извозни капацитети, обезбедување на информации за саеми, штандови и други форми за презентација на производите и услугите. Неопходно е и брзо прилагодување на законските регулативи на новите технологии во светот што ќе овозможи пристап и легална работа со нив уште во нивните рани фази. Потребно е  и дигиталната трансформација на институциите во Македонија и дигитализацијата на услугите да се базира на домашни ИКТ компании што ќе овозможи градење на капацитети и излез и понуда на производите и услугите на странски пазари, изјави Симов.

Тој додаде и дека е потребно да има и поголема поддршка на иновациите и зголемување на бројот и разновидноста на финансиски инструменти за финансирање на start up и постоечки компании како основен услов за развој на економијата и спречување на емиграцијата на младите лица.

На седницата беа избрани и нови членови на органите на управување на ИКТ Комора како и тројца нови потпретседатели на ИКТ Комора, Илија Серафимов, Горан Митрески и Ненад Фидановски.

На досегашниот претседател на ИКТ Комора, Саша Огненовски му беше врачена Благодарница за исклучителниот ангажман во Комората и личниот придонесот кој го дал со цел креирање на подобро деловно окружување за развој на ИТК секторот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.