Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оскар 2013 низ бројки

0
By on February 24, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Овогодинешните филмви номинирани за Оскар се подолги од минатогодишните. Во просек траат 2 часа и 15 минути. А тоа е за 10 минути повеќе отколку минатата година, 23 минути повеќе отколку во 2011 и 14 минутиповеќе отколку во 2010 година.

Годинава, оскаровското шоу ќе биде ќе трае 3 часа и 40 минути. Ексклузивни телевизиски права има каналот ABC. Воведот на годинашниве водители Emma Stone и Seth MacFarlane ќе трае 15 минути.
На водителите во врачувањето на златните статуетки ќе им помогнат Мајкл Даглас, Мерил Стрип, Џенифер Анистон, Ричард Гир, Рене Зелвегер, Шарлиз Терон и Џон Траволта.
За главната награда на вечерта, „Оскар“ за најдобар филм, се натпреваруваат девет остварувања.
Се шпекулира дека фаворит е „Линколн“ на Стивен Спилберг со вкупно 12 номинаци
Веднаш зад него со 11 номинации е филмот на Анг Ли „Животот на Пи“. Овој филм ги понесе, исто така, номинациите во главните категории, за најдобар филм, режија и адаптирано сценарио и за визуелни ефекти.
По 8 номинации добија љубовната драма „Во добро и во зло“ на Дејвид О. Расел, за која за споредна улога, номинација има Роберт де Ниро и мјузиклот „Клетници“ на режисерот Том Хупер.
7 номинации има филмот на Бен Афлек „Арго“, кој се осврнува на вистински настани од заложничката криза во Иран.
Во категоријата за најдобри глумици, годинава се поставени два нови рекорди – 85-годишната Емануел Рива „Љубов“ е најстарата актерка номинирана за главна улога, а Куванџане Волис („Ѕверови од јужната дивина“) со само девет години, е најмладата во таа категорија.
Покрај овие две актерки, за Оскар за најдобра женска улога се натпреваруваат и Џесика Честејн, Наоми Вотс и Џенифер Лоренс. за истата награда, но во машка категорија се натпреваруваат Бредли Купер („Во добро и во зло“), Дензел Вашингтон („Лет“) Жоакин Финикс („Мастер“), Хју Џекмен („Клетници“) и Даниел Деј Луис („Линколн“), за кого многумина сметаат дека ќе ја добие наградата, кој би му бил трет во кариерата.

На постоскаровската забава во „Governor’s Ball“ се поканети 1500 гости, а за нив се подготвени: 7,500 американски ракчиња, 6500 лепчиња во форма на Оскар, 5 килограми американски кавијар, 1300 школки, 300 килограми јастози од Мејн, околку 5 килограми „златна прашина“ за јадење, 5000 мини чоколади во форма на оскаровските статуетки, 1250 ракови и 1500 шишиња шампањско „Thienot“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Копенхаген: Европските лидери се „договорија“ за ништо

ВЕСТИ October 2, 2025

Европските лидери во Копенхаген, Данска, цел ден расправаа за безбедноста на континентот но без конкретни…

Париз: Синдикални протести низ цела Франција – се бараат и повисоки даноци за богатите

October 2, 2025

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Дин ал-Хадад го отфрлил планот на Трамп за прекин на војната во енклавата

October 2, 2025

Штрајк со глад започнаа дел од грчките активисти од флотилата „Глобал Сумид“, кои се задржани од израелските власти

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.