НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Оскари 2021“: Пандемијата, препознавање на стриминг платформите и зголемена инклузија

0
By НОВА ТВ on April 19, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Шоуто мора да продолжи,“ е мотото на „Оскарите“ во овие предизвикувачки времиња за филмската индустрија.

Кината низ светот во најголема мерка останаа затворени за време на пандемијата поради тоа што Корона вирусот би можел лесно да се шири во затворени простори како кино салите – сепак за време на летото, 2020 на многу места работеа кината на отворено. Фактот што кината беа затворени имаше негативен ефект врз филмската индустрија бидејќи економскиот модел на многу филмски студиjа подразaбира дистрибуција на филмовите кои тие ги произведуваат во различни кино сали и секако, консумирање на тие филмови во кино. Бидејќи тоа не беше возможно за време на пандемијата, гледачите на филмови едноставно гледаа филмови на телевизија или пак на стриминг платформи како Нетфликс и Хулу.

Поради драстично променетите услови за дистрибуција и конзумација на филмови, американската Академија за филмски уметности и науки која ги доделува „Оскарите“ мораше да ги промени своите правила. Обично правилата гласат дека за еден филм да се квалификува за оскарска номинација истиот морал да биде емитуван во кина во Њу Јорк и Лос Анџелес и неговото емитување да трае најмалку една недела за да има право на Оскар (со тоа што има некои исклучоци за меѓународни/неамерикански филмови, кратки филмови и документарци). Бидејќи ова не беше можно за време на пандемијата Академијата реши да им дозволи на филмовите што имаа премиера само на стриминг услуги да се квалификуваат за номинации за Оскар, под услов ако тие имале планови да се емитуваат во кината пред пандемијата да ги спречи во тоа. Дури и со оваа флексибилност и привремени промени, сепак изгледа дека Академијата не е до крај спремна за да ги прифати филмовите кои се емитуваат само на стриминг платформи како еднакви со традиционално холивудските филмови.

Како ќе изгледа церемонијата?

Оваа година некои големи наградни церемонии — како на пример Златните Глобуси (Golden Globes) — се одржаа барем делумно преку Зум. Оскарите специфично сакаат да ја одбегнат оваа опција. На 25ти април, церемонија ќе се врати во театарот Долби но со мала публика. Исто така ќе има и одделни локации во живо на Јунион станицата во Лос Анџелес каде настанот ќе биде одржан на отворено, како и во еден простор во Велика Британија и друг во Париз. Исто така оваа година Оскарите се одржуваат скоро 2 месеци подоцна од обично и филмовите кои имаат излезено од 1ви јануари 2020 година и 28ми февруари 2021 година можеа да се квалификуваат за наградите за 2021 година – обично се номинираат само филмови кои излегле помеѓу 1ви јануари до 31ви декември од една година.

„Ние го третираме настанот како активен филмски сет, со специјално дизајнирани каденти за тестирање за да обезбедиме резултати од минута во минута, вклучително и тим за безбедност околу Корона вирусот каде на самото место ќе има можност за испитување преку PCR тестови“, напишаа продуцентите на Оскарите. „Има специфични упатства за оние кои патуваат надвор од Лос Анџелес и други упатства за оние кои веќе се наоѓаат во Лос Анџелес.“

Четврта година по ред нема да има водител на Оскарите, но секако ќе има најразлични презентери на наградите меѓу кои ќе биде корејскиот режисер на „Паразит“ Бон Џун Хо, Бред Пит, Рис Витерспун и Анџела Басет.

Кои филмови се номинирани?

Веќе неколку години се водат дебати околу инклузија на различни видови филмови во Оскарите, како и актери, режисери, сценаристи и други филмски работници/чки од различни етнички, расни, родови и други маргинализирани позадини. Хештегот #OscarsSoWhite (Оскарите се многу бели) кој почна во 2015тата година започна дискусија околу колку малку афро-американци, азијати и луѓе од други маргинализирани етницитети се застапени на Оскарите. Слична критика упати и хештегот #OscarsSoMale (Оскарите се многу машки) кои се фокусираше на недостатокот на инклузија на жени во Академијата во други категории освен задолжителните женски категории „Најдобра актерка во главна улога“ и „Најдобра актерка во споредна улога“.

Оваа година може да се забележи одредена промена по прашањата на инклузија. Две жени – Емералд Фенел за „Promising Young Woman“ (Ветувачка млада жена) и Клое Жао за “Nomadland” (Земја на номади) –  се номирнирани за категоријата „Најдобра режија“, а во категоријата „Најдобар филм“ се номинирани три филмови каде во главна улога не се белци и два филмови каде во главна улога се (бели) жени. Во категоријата „Најдобра актерка во главна улога“ се номинирани две афро-американки – Виола Дејвис и Андра Деј – и двете актерки играат улоги на бисексуални црни жени, нешто што до сега не се случило во историјата на Оскарите. Риз Ахмед, кој е номиниран во категоријата „Најдобар актер во главна улога“ за филмот „Sound of Metal“ (Звук на метал), е првиот муслиман кој било кога бил номиниран во оваа категорија.

Сепак некои сметаат дека Оскарите сѐ уште не се доволно инклузивни и дека сепак Академијата како институција дава приоритет на бели мажи и наративи фокусирани во Западот. Некои сметаат дека ова се должи на фактот што најголемиот дел од членовите кои гласаат во Академијата се бели мажи: во 2019 година само 32% од членовите на Академијата биле жени и само 16% не биле бели.

Оваа година сите од номинираните филмови за најoчекуваната категорија „Најдобар филм“ се на англиски јазик и скоро сите се снимени од американски студија. Иако постои посебна категорија за „Најдобар меѓународен филм“ – меѓу кои оваа година е номиниран филмот „Quo Vadis, Aida?“ за геноцидот во Сребреница од босанската режисерка Јасмила Збаниќ – сепак не се обрнува толку внимание на оваа категорија како на другите категории каде наградите најчесто ги добиваат американски филмски работници. По сѐ изгледа дека „Оскарите“ сѐ уште не се толку инклузивни колку што би сакала голем дел од публиката.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.