Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ослободителна пресуда за Мерко за набавката на автомобил „Ауди“ за потребите на Општина Струга

0
By Marija Todorovska on June 9, 2025 ВЕСТИ
Рамиз Мерко
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Струшкиот суд донесе ослободителна пресуда за градоначалникот Рамис Мерко за набавката на луксузниот автомобил „Ауди“ во вредност од 67.000 евра.

Судечкиот судија Јордан Јованов во пресудата посочува дека од правен аспект со анализа на сите законски прописи кај Мерко не постои основ за кривична одговорност и затоа судот донел одлука за ослободителна пресуда.

При донесувањето на пресудата се раководев од фактот што во диспозитивот на обвинителниот предлог не е содржана бланкетна норма и оти со тоа постапување спротивно на наведената бланкетна норма на некого му е прибавена корист или на некого му е прибавена штета, појасни Јованов при образложението на пресудата.

Согласно приложените докази за јавната набавка на возилото, додаде, не било утврдено дека е постапено спротивно на било која одредба од Законот за јавни набавки.

 Уште во текстот на обвинението стои дека дозволениот лимит за набавката на возилата бил 7 милиони, и набавката е во рамки на тој лимит. Целокупната документација е уредна, затоа што еднаш се водела една постапка, која завршила со само една понуда задоцнета и таа е поништена. Во втората се пријавиле двајца понудувачи, имаат комплетни документи и проценка на вредноста на возилата и сите процедури коишто се во рамката им е запазена. Избран е оној што дал помала понуда, значи најповолниот понудувач, во согласност со правилата на Законот за јавните набавки, додаде Јованов.

Во обвинението стои дека му е прибавена имотна корист на тој најповолен понудувач, но, судот не утврдил дека се направени одредени манипулации или недозволени дејствија во рамки на постапката.

Во однос на блокираната сметка на Општина Струга, било утврдено дека сметката е пуштена за потребите на Општина Охрид, а била опфатена и Струга. Имало определување рамка со која Општината може да ги задоволува своите потреби, и таа рамка по потреба била менувана, и покачуван лимитот од страна на претседателот на Судот. Така било направено и во конкретниот случај за тие 7 милиони денари што се предвидени за набавка на возила. Постапувањата на претседателот на Судот биле предмет на расправа пред Судскиот совет за тоа дали постои некаков основ да му се утврди одговорност. На седницата на Судскиот совет откако била разгледана целата документација било утврдено дека не постои одговорност за претседателот на Судот, кој постапувал.

Релевантен доказ во постапката, за Судот, според Јованов, бил Извештајот на Државниот завод за ревизија, кој бил повикан во 2019 година да провери што се случувало во 2018.

Сите ставки се претресени, дошле ревизорите, дел ги слушнавме, во писмениот извештај се ставени повеќе работи на кои имаат забелешки, но не и за конкретниот случај. Немаме потврда од овластен орган дека е постапено нешто спротивно на целата документација и процедурата за јавни набавки и со тоа е оштетен буџетот. Дали е прибавена корист лично за сторителот, со оглед дека се работи за возило за потреби на Општина и се користи за потреби на Општина, а не за лични негови потреби и негови блиски лица и од тој аспект неможеме да го разгледуваме ова прашање, рече судечкиот судија.

Од формален аспект, според него, нема повреда, единствено може да повлече само морална одговорност, како избран носител и да даде отчет, пред оние коишто го избрале на кој начин се трошат парите.

Судскиот процес почна во април минатата година, а Мерко се товареше за злоупотреба на службена положба, поради набавката на четири моторни возила во вкупна вредност од околу 114.000 евра, меѓу кои луксузен автомобил „Ауди А6“, со што се тврдеше дека го оштетил буџетот на Општината спротивно на начелата на законитост и спротивно на јавниот интерес во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка.

Против Мерко во тек се судски процеси за незаконско поставување директори во неколку струшлки училишта и поставено спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда.

рамис мерко
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.