Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи – Ал Нахјан: Отвораме ново поглавје за засилена економска соработка меѓу С. Македонија и ОАЕ

0
By Нова ТВ on February 22, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на дводневната посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) оствари средба со својот домаќин, министерот за надворешни работи и меѓународна соработка, неговата висост Шеик Абдула бин Зајед Ал Нахјан.

Како што соопшти МНР, двајцата министри изразиле задоволство за првата официјална посета на ОАЕ од Северна Македонија, на ниво на министри за надворешни работи, која, пак, се одвива во пресрет на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

Во фокусот на средбата биле потенцијалите за интензивирање на економската соработка, преку поголемо вмрежување на стопанските комори и приватниот сектор, како и учеството на Република Северна Македонија на „EXPO DUBAI” од 1 октомври во 2021 година до 31 март во 2022 година, како одлична можност за претставување на нашите економски и туристички потенцијали пред пошироката светска јавност.

– Очекувам оваа посета да биде почеток на едно засилено темпо во развојот на билатералните односи меѓу двете земји, особено од аспект на економијата, каде постојат огромни неискористени потенцијали во областите на инвестициите, размената, земјоделието и туризмот, истакна Османи.

Во текот на разговорот, двајцата министри ја потенцираа подготвеноста за натамошно продлабочување на севкупниот дијалог, размената на политички искуства а во функција на унапредување на билатералната соработка.

– Со ОАЕ имам бројни сличности кои соодветствуваат на нашите улоги во рамките на нашите региони; споделуваме исти цели и заложби за стабилност, безбедност и просперитет на регионот Југоисточна Европа, како и на Заливот. Двете наши земји се богати со етничка разновидност и ја делат истата политика на толеранција и соживот, посочи Османи.

Министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на ОАЕ, неговата висост Шеик Абдула бин Зајед Ал Нахјан се интересираше за ситуацијата со пандемијата, особено за процесот на вакцинирање, при што истакна подготвеност за да се најдат механизми и начини за побрза достава на вакцини.

По средбата, следеше церемонија на која министерот Османи и неговиот домаќин Шеик Абдула бин Зајед Ал Нахјан ги потпишаа Договорот за заемна заштита на инвестициите меѓу Република Северна Македонија и ОАЕ и Меморандумот за политички консултации меѓу двете Министерства за надворешни работи.

Шефот на македонската дипломатија денеска се сретна и со министерот за толеранција и соживот, Шеик Нахјан Мубарак Ал Нахјан, со извршниот директор на „Hedayah International Center” за спротивставување на насилниот екстремизам и радикализам, Ахмед Ал Касими, како и со државниот министер за економска диверзификација и економска дипломатија, Ахмед Али Ал Сајег. Со оваа посета Османи цели кон продлабочување на соработката и искористување на големиот потенцијал за развој и подобрување на трговската размена помеѓу Северна Македонија и ОАЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.